Реклама
Вести

Министерката Тренчевска откри детали од новите мерки за пензионерите – Ова никој не го очекуваше!

Реклама

Наместо 6, добија плус 5,3 отсто. Пензионерите влера ги добија новите, покачени пензии. Но, зголемувањето не е според ветеното од пред два месеци, кога на пензионерите им беше најавено дека со усогласувањето на пензиите, ќе добијат покачување од 6 отсто.

Од Министерството за труд велат дека ова зголемување е второ годинава и е соголасно методологијата за раст на пензиите, според која 50 отсто отпаѓа на зголемените трошоци за живот, а другата половина на на порастот на просечната плата.

– Процентот на зголемување на пензиите се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.

Маркетинг

фото илустрација

Маркетинг

Согласно оваа методологија и податоците од Државниот завод за статистика, пензијата за месец септември е зголемена за 5,3%.

Пензионерите се затечени и велат дека Владата не си го одржала ветувањето ниту за усогласувањето, а камо ли за нивните барања, кои сега се променети.

Откако неколку месеци протестираа барајќи линеарно по 3500 денари плус, сега бараат зголемување од 6000 денари за сите пензионери и минимална пензија од 20 илјади денари.

фото илустрација

Според новото зголемување, оние кои имаат најниски пензии сега ќе добијат зголемување од околу 600 денари, а кај оние со највисоки примања, ќе добијат по околу 3600 денари плус.

Во месец март пензиите беа зголемени за 8,4 и заедно со 5,3 отсто сега, покачувањето за годинава изнесува вкупно 13,7 отсто. Незадоволни од ова, пензионерите најавуваат дека нема да престанат со протестите и блокадите.

Оваа недела се очекува да биде готов извештајот на работната група за пензиите.

Во мерките што ќе бидат донесени, како што изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, не е предвидено линеарно зголемување на пензиите, затоа што, како што рече, мора да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем.

фото илустрација

Очекувам оваа недела да биде доставен извештајот на работната група којшто ќе биде доставен до Владата за сите заедно да одлучиме кои мерки дополнително ќе бидат донесени во новиот пакет на антикризни мерки.

Меѓу тие мерки нема линеарно зголемување затоа што линеарното зголемување не им оди во прилог на сите пензионери.

Со новата методологија, само за година и пол, најниската пензија е зголемена за речиси 2.200 денари, а согласно растот на пензиите, и понатаму ќе се применува новата методологија и ќе се оди со она што е законско решение сега во моментот.

Ќе имаме мерки што ќе значат дополнителен приход, финансиска поддршка на пензионерите, меѓутоа ќе бидат опфатени оние пензионери кои се со ниски пензии и кои се во најранливата категорија, изјави Тренчевска по посетата на градинката „13 Ноември“ по повод Денот на детето.

фото илустрација

Тренчевска рече дека како Влада остануваат отворени за разговор со пензионерите, но дека не се согласува со линеарно зголемување на пензиите како што бараат пензионерите поради стабилноста на пензискиот систем.

Секое нереално покачување на пензијата и секое нереално трошење на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување значи дека ќе ги доведеме во несигурност исплатата на пензиите на сите 336.000 пензионери.

Ниту како Влада, ниту како министерка за труд и социјална политика нема да дозволам да се наруши стабилноста на Пензискиот фонд.

Од 2017 година наваму работиме на зголемување на приходите во Фондот за пензиско и тоа го покажуваме со намалување на дефицитот којшто во 2017 беше околу 47 проценти, а сега е намален на 33 проценти, истакна Тренчевска.

фото илустрација

Посочи дека за година и полoвина пензиите се зголемени за 24 проценти од јануари лани согласно усогласувањето со животните трошоци.

Јас не велам дека ниските пензии се доволни. Меѓутоа, со финансиска поддршка без да се доведе во прашање стабилноста на пензискиот систем ќе креираме мерки со коишто ќе донесеме повеќе средства на трансакциските сметки на пензионерите особено на оние со ниски пензии.

Методологијата дава одлични резултати затоа што од 1 јануари 2022 година кога минималната пензија беше 10.487 денари вчера најниската пензија се исплати во висина од 13.200.

Значи, пензијата е зголемена за повеќе од 3.000 денари само за година и пол, рече Тренчевска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button