Минатата година имаше спонтан абортус по кој и требаше долго време да закрепне, но сега има радосни вести
Познатата водителка е бремена
Тамара Грујиќ која ни стана една од омилените водителки со нејзината емисија „Во акција со Тамара“ е во петти месец од бременоста, и заедно со нејзиниот сопруг се пресреќни што наскоро ќе станат родители.
Кога дознала дека чека бебе, не можеше да ја сокрие среќата, но веста ја сподели само со најблиските членови во семејството.
„Тамара е во петти месец од бременоста и навистина е пресреќна. Таа и Вук со години се заедно и посакуваа да го прошират семејството. Кога ја дозна среќната вест, Тамара прво ја сподели со сопругот, и на нивната среќа немаше крај. Се договорија дека нема да ги шират убавите вести, туку дека ќе ги споделат само со семејството и најблиските пријатели“, вели извор кој е близок до водителката.
„Тамара води брзо темпо на живот и не е навикната да има слободното време постојани да работи и да ги прави среќни оние на кои им е потребна помош. Сепак, овој пат реши да направи мала пауза. Ќе работи до крајот на оваа сезона, а потоа ќе замине не боледување и ќе се посвети на најубавиот животен предизвик, вели истиот извор.
Инаку, Тамара минатата година имаше спонтан абортус кој тешко го поднесе, па многумина мислат дека сега заради тоа не сака да зборува и да ги шири среќните вести за својата бременост, пишуваат српските медиуми.