Реклама
Холивуд

Милојко и Милијана се сензација на Балканот, но многу пред нив оваа девојка се омажи за 89 годишен старец. И лошо заврши …

Реклама

Милојко Божиќ (74) од Пилатовиќ и Милиџан Богдановиќ (21) од Лучан овие денови се најпознатиот пар во Србија па и на Балканот. Разликата меѓу годините од пет децении не е важна за нивната љубов, па тие планираат и да застанат на лудиот камен. Сепак, ова не е прв ваков случај, а тоа го докажува и светската афера меѓу бизнисменот Џејмс Хауард Маршал и старлетата Ен Никол Смит, за која зборуваше цела планета во средината на деведесеттите години.

Вики Лин Хоган, попозната како Ен Никол Смит (28 ноември 1967 – 8 февруари 2007), беше американски модел и актерка, позната по нејзиниот екстремно бурен приватен живот, кој заврши трагично.

Маркетинг

Таа во есента 1991 година, при настап во еден клуб во Хјустон, се сретна со Џејмс Хауард Маршал, нафтен магнат кој во тоа време имаше преку 85 години. Маршал постојано и даваше пари, подароци и понуди за брак.

Маркетинг

Таа веќе во март следната година се појави на насловната страница на Плејбој, а на крајот на 1992 година беше именувана за Убавица на годината. Потоа се обиде да го искористи нејзиниот публицитет како актерка, но глумата не и одеше, па добиваше во главно епизодни улоги.

https://www.instagram.com/p/62Hx2PMnKj/?utm_source=ig_embed

 

Во 1993 година, на 3 февруари, се разведе од својот прв сопруг и се омажи за 89-годишниот Маршал, на 27 јуни 1994 година. Нивниот брак, и особено поради големата разликата во годините на брачните другари и сомневањата во искрените мотиви на младата Ана Никол, во американските медиуми беше прогласен за брак на годината.

Нивниот брак траеше се до смртта на Маршал, што се случи неполни 15 месеци подоцна. По неколку недели, синот на Маршал го оспори барањето на Един за наследство, што доведе до многу долга и комплицирана тужба позната како „Маршалот против Маршал”. Дури и Врховниот суд учествуваше во обидот да го реши случајот, но парницата не беше завршена. Во меѓувреме, и синот на Маршалот и Ен Никол починаа.

Никол роди ќерка по име Данијелин и до крајот не животот не кажа кој е нејзиниот татко. Три дена подоцна, нејзиниот 20 годишен син почина. Официјалната причина – предозирање со дрога.  По една година, во 2007-мата, исто така поради предозирање, почина и Ен Никол.

На крајот анализата на ДНК покажала дека таткото на малара Данијелин е папарацо фотографот Лари Биркхед кој денес со неа живее во Кентаки.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button