Реклама
Новости

Милојко има 74 години, а неговата свршеничка е 53 години помлада од него: „Ме привлече неговиот физички изглед“ (фото)

Реклама

Милојко Божиќ (74) од Пилатович и Милијана Богдановиќ (21) од Лучане се најинтересната двојка во Србија во последните неколку дена. Разликата од 53 години воопшто не им пречи, иако сите се чудат околу нив.

Фото: Фејсбук/ Милијана Богдановиќ

Во последните денови тие се во потрага по венчаница и додека одат по улиците на Пожега, честопати ги слушаат грдите коментари на случајните минувачи, но не се премногу загрижени заради тоа, пишува српскиот Курир.

Кога Милијана се родила, Милојко веќе го завршил својот работен век во Белград и се преселил во своето родно место за да ужива во пензијата.

Маркетинг

„Свадбата е закажана за 7 септември и нестрпливи сме да ја крунисаме нашата љубов. Прво, ме привлече неговиот физички изглед. Не ми се допаѓаат млади момци, постари ми се допаѓале отсекогаш. За неговата возраст тој, реално, изгледа одлично. Не ми е гајле кој што мисли и зборува, Милојко го познавам целиот мој живот, ние сме соседи и јас доаѓав кај него за да му се најдам кога беше болен, тогаш и се роди нашата љубов“ вели Милјана за порталот Рина.

Фото: Фејсбук/ Милијана Богдановиќ
Свршеничкиот прстен

„Го познавам уште кога бев мала. Кога имав 17, односно неполни 18 години остваривме поблизок контакт и почнавме да се дружиме. Бевме околу година дена во врска. Кога се шетавме заедно, сите гледаа во нас, беше чудно. Приказната одекна како атомска бомба. Потоа се разделивме, не знаев зошто. Не сакав да се јавам, а ни тој. Потоа се случи да треба да оди на операција на срцето, да му стават бајпас. во тој момент немаше никој покрај него да му помогне. Му се понудив радо, без никакви обврски, пријателски, да му ја потсуредам куќата, да направам ручек. но не можев да ја издржам неговата близина, се роди љубов“, вели младата девојка.

Маркетинг

По неговата операција што се случи минатиот декември, ништо повеќе не можеше да ги раздели. Тие сакаат да имаат деца, но сѐ уште не се договориле колку.

Фото: Фејсбук/ Милијана Богдановиќ

„Многумина мислат дека сум со него од интерес, но нашата врска е најнормална. Немаме проблем да кажеме и дека неговиот вкупен приход е 50.000 динари. Ние двајцата сега живееме во нашата дрвени палата, тука ќе го поминеме зимото, а оваа пролет ќе почнеме со реновирање на куќата, која мојот Микан ја изгради многу одамна, но која е потполно нормална, нема никаков луксуз во неа“, вели девојката.

Милијана додаде и дека сака да придонесе за нивниот домашен буџет, па планира да си најде работа. „Јас го завршив моето четиригодишно училиште, техничар за заштита на животната средина, но не барам работа според професијата. Јас не се срамам од работа, можам да работам и во некој бутик или кафулe”, вели таа. Милојко пак, додаде дека тој се заљубил поради нејзината добрина и убавина.

„Не ги читам коментарите на Фејсбук, тоа повеќе го прави Милијана. Коментираат луѓе што не нé познаваат и немаат никаква врска со нас, ми прават проблем, посебно жените“, вели Милојко осудувајќи ги негативните коментари. Тој од првиот брак има три деца постари од Милијана – по 40, 35 и 30 години, како и внуци кои имаат 13 и 11 години.

Фото: Фејсбук/ Милијана Богдановиќ

Тоа дека се модерен пар, дека ги следат трендовите и уживаат во животот, и покрај големата разлика во годините, сведочат и нивните профили на Инстаграм, каде редовно објавуваат интересни фотографии од заедничкиот живот.

https://www.instagram.com/p/Bu01h5AnXND/

https://www.instagram.com/p/Btffm_env4S/

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button