Мили има 10 години помлада сопруга, но и тој не е за фрлање – го покажа мускулестото тело, жените одлепиja од овие фотки од Малдивите
Во шестата деценија ужива максимум во животот
Александар Милиќ Мили реши да си ги наполни батериите, па замина на егзотичните Малдиви.
Тој од таму редовно се огласува на социјалните мрежи и на своите фанови им покажува како ужива на ова место.
Но композиторот овој пат го привлече вниманието и со своето тело кое навистина изгледа феноменално за негови 53 години, а на неговата форма и извајани мускули можат да му завидуваат и далеку помлади мажи од него.
Познато е дека тој живее на висока нога, што може да се види и од овој раскош во кој ужива на Малдивите. Покрај егзотичните плажи, Мили покажа и дека лета со приватен авион кога се упати на непозната локација.
Тој претходно позираше во вода и го покажа своето тело и мускулите кои се резултат на редовни тренинзи.
https://www.instagram.com/p/CacxGBPBCYn/
Познато е дека здравиот живот и редовното вежбање на Мили му се секојдневие, а за „Гранд онлајн“ тој откри колку често оди во теретана.
https://www.instagram.com/p/CaguuAghWkD/
„По операцијата се опуштив, но обично шест дена во неделата. На Малдивите сум, нема да откријам зошто дојдов, но ако успеам да го направам тоа што го замислив ќе биде топ. Нешто што никој го нема направено“, изјави тој.
https://www.instagram.com/p/CaoTp7iBKM5/
Интересно е и тоа што не е познато дали со него е и неговата сопруга Нина, која е цела деценија помлада од него.
Таа е згодна русокоса која никого не остава рамнодушен со својот изглед, иако многу ретко ја гледаме на јавни настани.
Мили и Нина се во брак 16 години и имаат две деца, ќерката Миа и синот Маркус, кои исто така не сакаат да ги експонираат.
Композиторот во една пригода ќе открие дека предноста на нивниот брак е токму тоа што имаат прилика да си недостасуваат еден на друг, па многумина се прашуваат дали тој и сега е заминат по работа, без сопругата и децата, или пак сите заедно уживаат на ова прекрасно место.
„Предноста на нашиот брак е во тоа што, заради мојата работа, имаме прилика да си недостасуваме еден на друг. Монотоното секојдневие може да биде многу погубно за партнерскиот однос и од таа страна, умерената раздвоеност навистина е интересна. Тоа е позитивниот дел од мојата кариера, но многу е полошо кога сте премногу отсутни, а немате можност да поминете време со своето семејство, и тогаш навистина ми е тешко“, изјави тој во една пригода за медиумите.
А како изгледа Мили и кога е со неговата поубава половина, погледнете од галеријата во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили
Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили