Реклама
Вирално

Милијардерите во паничен страв – бараат посебни места за изолација додека трае пандемијата

Реклама

Додека многумина во текот на карантинот сонуваат за куќа со двор, милијардерите сакаат засолниште во ова време на пандемијата од коронавирус да пронајдат на приватни острови.

Побарувачката за приватни острови е голема, па според зборовите на Џон Кристи, агент од агенцијата „ХГ Кристи“, во последните шест недели се четири пати поголема.

– Истата работа се случи и по терористичките  напади во САД на 11.септември 2001 година. Луѓето беа исплашени и бараа безбедно засолниште. Во овој момент сите сопственици на приватни острови си престојуваат на нив и планираат да останат таму до крајот на пандемијата, додека претходно таму поминувале по два месеци годишно, рече Кристи.

Маркетинг

Свој приватен остров има и милијардерот и еден од најбогатите луѓе во Велика Британија Ричард Бренсон, кој го понуди на продажба за да го спаси својот бизнис, тешко погоден од пандемиајата со коронавирус. Тој рече дека ќе го заложи овој карипски остров во обид да ја убеди британската влада да ја спаси неговата авиокомпанија „Вирџин Атлантик“.

Негов остров е Некер, кој вреди над 150 милиони евра. Инаку, островот се изнајмува, а една ноќ чини 122.000 долари. На островот е изградена голам куќа во која можат да спијат 30 луѓе, а има поглед кон океанот и околните острови.

Куќата е уништена во пожар во 2011 година предизвикан од молња. Луксузниот објект е целосно реновиран и отворен во 2013 година.

Поврзано

Back to top button