Реклама
Наши ѕвезди

Милијана (21) е решена во септември да биде невеста: „Ќе се убијам ако ми забраните да бидам со мој Милојко“ Сите се во шок …

Реклама

Парот од Србија, 21-годишната Милијана Богдановиќ и 74-годишниот Милојко Божиќ, овие денови не престанува да го привлекуваат вниманието на јавноста во целиот регион, но тоа толку го налути нејзиниот татко Зоран, кој сега доби судска забрана да се доближува до неговата ќерка и нејзиниот 53 години постар вереник, пишува српскиот Курир.

Фото: Инстаграм? Милијана Богдановиќ

Откако се објави дека се поканети да учествуваат во српското треш реално шоу „Парови” но и дека планираат да застанат пред олтарот на 7 септември оваа година, таткото на Милијана е лут како рис на неговата ќерка, иако претходно немал ништо против нивната врска, се додека не започна се појавуваат во медиумите и да го „брукаат“ семејството.

Тој наводно и кажал „Ќе ве убијам и двајцата, и тебе и Милојко “, па таа решила да го пријави во полиција, но побарала да не го уапсат, туку само предупредат. Инаку, ова го раскажува бабата на Милијана, Дана Богдановиќ, од која оваа 21-годишна девојка и побарала помош.

Маркетинг

„Го замолив да не зборува со мене и да не ми приоѓа. Го пријавив и изречена му е казна“, вели Милијана чиј татко не смее да и се доближува во следните 30 дена. Нејзината баба пак, откри дека Милијана го доведува целото семејство во многу несреќна ситуација поради нејзината љубов.

Фото: Инстаграм? Милијана Богдановиќ

„Не можам да престанам да мислам на неа, таа не требаше да го направи тоа. Милојко е добар човек и го сака, но тоа е грдо, може да и биде дедо. Таа на мене постојано ми кажува дека го сака. Не смеам ништо да и зборувам бидејќи ми кажа: ‘Тато, мамо, бабо, ако ми забраните да бидам со Милојко, јас ќе се убијам’. Па подобро нека биде со него отколку да е мртва’ се пожали баба Дана, а пренесе српскиот Курир.

Маркетинг
Фото: Инстаграм? Милијана Богдановиќ

И нејзината мајка Слаџана Богдановиќ исто така е скршена откако Милојко и нејзината ќерка станаа главна тема во медиумите, но и проблем во семејството. „Ми се смачи од целата приказна. Мојот сопруг ми кажа дека јавно ќе се откаже од својата ќерка“ раскажува Слаџана.

„А и сестрата на Милијана и е тешко. Три дена плаче и не излегува од собата“, вели нејзината баба Дана. Таа вели дека не сака да излезе од куќата бидејќи сите тераат мајтап со неа поради целата ситуација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button