Реклама
Наши ѕвезди

Милијана која е вљубена во пензионерот Милојко, кога имала 14 години родителите ја однеле на психијатар затоа што сакала постари

Реклама

Милојко не е првиот постар маж во нејзиниот живот

Фото: Инстаграм/ Милијана Богдановиќ

Милијана Богдановиќ (21) и нејзиниот иден сопруг, Милојко Божиќ (74) наскоро влегуваат во вилата каде што се снима српското реално шоу „Парови”. Непосредно пред нивниот влез во шоуто, српските медиуми откриваат некои интересни детали од нејзиниот живот.

Имено, мајката на Милијана, Слаѓана Богдановиќ откри за српскиот Курир дека кога Милијана имала 14 години побарале и помош од доктори бидејќи сакала постари мажи.

Маркетинг

„Кога таа имаше четиринаесет години и кога сфативме дека сака постари мажи, решивме да се консултираме со лекари и да побараме лек за нејзината состојба. Отидовме на психијатар и психолог, а потоа таа самата одеше на сеанси. Лекарите, пак, велат дека нејзината состојба не се лекува, туку едноставно е таква. Ни објаснија дека не и фали татковската фигура, туку едноставно има таков ген. И тогаш се соочивме со тоа. Знаевме дека никогаш нема да има врсници за партнер, туку ќе ги избира оние кои се со голема разлика во годините во споредба со неа “, раскажа Слаѓана за Курир.

Фото: Инстаграм/ Милијана Богдановиќ

Неговата убавина и е на прво место

Инаку, Милијана во интервју за Блиц отворено зборуваше за нејзината врска со 53 години постариот маж.

Маркетинг

„Имаме секс скоро секој ден, јас не гледам што е тоа толку чудно. Ние го правиме сето она што го прави секој заљубен пар и нам годините воопшто не ни пречат. Сепак, откако Микан во декември имаше операција на срцето, морам малку да го штедам во сексот. Му вградија бајпас, па сега не форсираме. Инаку, во креветот е како младич, не му треба никакви апчиња. Иако за волја на вистината, јас и не знам какви се младите момчиња, јас отсекогаш сум била само со многу постари од мене. И кај Милојко најмногу ми се допадна тоа што е искусен, иако неговата убавина ми е на прво место“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button