Милијана и Милојко решија да го напуштат „Парови“? Откако го шокираа целиот свет, открија дека ја лажеле јавноста
Целиот регион зборува за необичната врска помеѓу Милијана (21) и 53 години постариот Милојко, а откако влегоа во реалното шоу „Парови“ гледачите се шокирани од нивното однесување.
Милијана Богдановиќ и Милојко Божиќ веќе неколку дена се во „Парови“. Тие вчера ги изненадија сите откако признаа дека нема да бидат интимни пред камерите, иако пред влегување нашироко раскажуваа дека немаат проблем со тоа и дека тоа за нив е потполно нормална работа.
„Доколку од нас очекувате да имаме секс пред сите и постојано да се расправаме, ние сакаме да одиме дома. Еве ви порачуваме на сите да гласаат за нас за да што побрзо го напуштиме шоуто“, изјави Милијана, која очигледно не може да го издржи преголемиот притисок на вилата.
Во желбата да го напушти шоуто се приклучи и нејзиниот свршеник кој изјави дека не останува во вилата доколку таа реши да си замине. Тој е свесен дека не се снаоѓа баш најдобро со останатите учесници, а тоа можевме да го видиме и од непријатната ситуација што му се случи.
https://www.youtube.com/watch?v=SpL1Tcc8_JI
Имено, свршеникот на младата Милијана легна во погрешен кревет, мислејќи дека тоа е неговото место, но една од учесничките во ријалитито, Слаџа Петровиќ, кога го виде буквално го исфрли од креветот.
„Кој ти кажа тука да спиеш. Ајде веднаш излези надвор“ му се обрати дрско Петровиќ на Милојко. Милијана веднаш се вмеша, но безуспешно. Нејзиниот свршеник мораше да го напушти креветот, со се понижувањето што го доживеа пред камерите од непристојната Слаџа.
Милијана побара повеќе почит од својата цимерка, но не доби позитивен одговор, па заедно со Милојко се оддалечија од собата. Таа поради ваквиот испад на својата цимерка се почувствува крајно непријатно , и побара од Милојко да биде цело време со неа.
Парот стана познат и во Британија
Но Милијана и Милојко не се популарни само на Балканот. Имено, за нивната необична љубов пишуваат и најпознатите британски таблоиди, а откако се појавија во „Сан“, „Дејли Стар“ и „Мирор“ станаа светска сензација.
„Иако ќе се појават пред камери, парот нема да престане со своите интимни односи. И бидејќи планираат во иднина да имаат деца, планираат и во шоуто да имаат секс колку што можат повеќе, за да Милијана остане бремена“, пишува еден од овие светски познати магазини.
Луѓето од Британија, па и од целиот свет, очигледно се шокиран од контроверзниот пар како и од нивната одлука да имаат секс пред камерите, па можеби токму овие наслови ги предомислија Милијана и Милојко да ги зауздаат своите страсти, барем додека се во шоуто.