Реклама
Наши ѕвезди

Милица си најде УТЕХА кај штотуку разведен бизнисмен

Реклама

Пејачката Милица Тодоровиќ и бизнисменот Југослав Кариќ беа фатени заедно во главниот град на Србија, а очигледно е дека се многу блиски.

ФОТО: Милица Тодоровска / Инстаграм

Како што ги сними екипата на „Папарацо“, Милица и Југослав уживаа во еден белградски ресторан, а потоа заедно си заминаа.

– Ја однел до станот, а потоа паднал и бакнеж, откриваат од „Папарацо“.

Маркетинг

По веста дека се видени заедно со пејачката Југослав веднаш се огласи:

– Милица и јас се познаваме, имаме многу заеднички пријатели. Седевме заедно и зборувавме за тоа дека сака да се пресели во Сењак, но не знаеше какви се становите и какви се цените итн.

Маркетинг

Имам компанија, агенција за недвижнини, го работам ова 15 години. Ова го работам во Србија скоро 10 години. И покажав неколку станови и ја возев дома и тоа е тоа – изјави Југослав за „Телеграф.рс“ за овој повод.

ФОТО: Милица Тодоровска / Инстаграм

За потсетување, МИлица минатата година ја раскина врската со актерот Петро Стругар, додека Југолсав неодамна стави крај на бракот со дизајнерката за ентериер Елена Карман.

– Никогаш немав некакви стандарди кога станува збор за мажите, само ако нашите енергии се совпаѓаат, тоа е тоа. Најважно е да постои доверба, почит и разбирање меѓу нас. Тој е рамноправен човек за мене и, секако, се треба да биде на обете страни за да опстане врската – изјави Милица за „Блиц“ минатиот месец.

ФОТО: Милица Тодоровска / Инстаграм

Во една прилика и актерот Петар откри како се запознале со пејачката Милица Тодоровиќ.

Петар првпат одлучи да открие малку повеќе детали, тој истакна дека „не постои правилник за вакви работи“, но „дека нешто се случило – се случило“.

ФОТО: Милица Тодоровска / Инстаграм

“Искрено, ако имаше формула и правилник за тие работи, некој до сега ќе ги откриеше. Нема правила, нема формула. Што точно влијаеше, не можам да одговорам, но се случи нешто. Уште многу работи што сигурно влијаеле, но ние ќе разговараме за тоа друг пат “, рече Петар за српски Курир.

Патем, тој и Милица се запознале во еден коњачки клуб кога тој позајмил коњ за таа да направи ново видео. Пејачката сега е редовен гостин таму.

ФОТО: Милица Тодоровска / Инстаграм

“Вистината е, се запознавме на снимањето на видеото на Милица, за што го позајмив својот коњ. Сепак, таа не започна да тренира, сепак нема храброст. Но, таа доаѓа редовно да ни прави друштво”, призна актерот, кој е голем љубител на животни, особено коњите.

Петар ја користи секоја прилика да се оддалечи од работата и брзиот градски живот во природа и со животни. Како што вели, таа изолација му помага да собере енергија за нови работни победи и предизвици што ги носи современиот начин на живот.

ФОТО: Милица Тодоровска / Инстаграм

„Презадоволен сум, секој од нас има свој вентил, а тоа е дефинитивно мое. Верувам дека е многу важно што ги имаме нашите пет минути и нашиот мир“, ова го кажа актерот кој долго време беа во врска со МИлица.

По турбулентниот период кој го имаше пејачата по разделбата со Петар, Милица драстично ослабе и не личеше на себе.

ФОТО: Милица Тодоровска / Инстаграм

Исто така Милица ја прележа и короната која имаше доста непријатно искуство со овој вирус.

 

ФОТО: Милица Тодоровска / Инстаграм

 

ФОТО: Милица Тодоровска / Инстаграм

 

ФОТО: Милица Тодоровска / Инстаграм

 

ФОТО: Милица Тодоровска / Инстаграм

 

ФОТО: Милица Тодоровска / Инстаграм

 

ФОТО: Милица Тодоровска / Инстаграм

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button