Реклама
LIFESTYLEВирално

Милионер нуди 300.000 долари на оној што ќе се ожени со неговата ќерка девица – ќе се изненадите кога ќе видите како изгледа

Реклама

Тајландски мултимилионер понудил 300 илјади долари и целиот свој имот на маж кој ќе се ожени со неговата 26 годишна ќерка.

Се што бара е мажот да биде работлив и да ја прави неговата ќерка среќна.

Маркетинг

Арнон Ротдонг e 58 годишен сопственик на успешна плантажа за егзотични овошја наречени дуријани во тајландската провинција Чумпхон.

Неговата ќерка Карниста му помага да го води семејниот бизнис – а тој сега ветил парична награда за мажот што ќе одлучи да му биде зет. Зетот ќе ја добие и фармата со дуријани, најголемата во регијата.

Маркетинг

Иако традицијата во Тајланд налага младоженецот да даде мираз, Ротхонг изјавил дека е спремен да ја прекрши традицијата за да најде добар маж за својата ќерка.„Сакам некој кој ќе се грижи за мојот бизнис и ќе го одржува. Не сакам некој кој ќе има супер диплома од бизнис или филозофија, туку упорен и работлив маж. Тоа е се“ – изјавил тој за тамошните медиуми.

Иако има и синови, Ротхонг се одлучил се’ да му даде на зетот: „Штом се венчаат, ќе му го дадам целиот свој имот“.

Карниста зборува англиски и кинески, никогаш немала момче и во моментов ужива во вниманието со кој ја опсипуваат потенцијалните кандидати откако нејзиниот татко јавно ја објави понудата пред целиот свет.

Изјави дека не е лута на својот татко, туку можеби само „малку изненадена“, бидејќи за понудата дознала од пријател, а не од нејзиниот татко.

„Изненадена сум и сето ова ми е помалку смешно. Вистина е дека немам момче, но доколку веќе се мажам, нека биде тоа некој вреден, некој кој е добра личност и кој ќе ја сака својата фамилија“ – изјавила Карниста, која додала дека парите сака да ги троши на пластични операции.

 

Поврзано

Back to top button