Реклама
Наши ѕвезди

Миленко Неделковски ги покажа СИНОТ и ЌЕРКАТА – еве како изгледаат неговите наследници

Реклама

Миленко Неделковски и еден од најпознатите новинари и ТВ водители во Македонија.

ФОТО: Миленко Неделковски / Фејсбук

Роден е во Скопје, во семејството на познатиот фудбалски судија и прв македонски судија со лиценца на ФИФА, Борче Неделковски.

Дипломирал на Природно-математичкиот факултет.

Маркетинг

Во студентските денови работел како туристички водич. Како фудбалски судија во пониските рангови има судено на преку 200 натпревари. Повеќе од десет години членува во академскиот хор „Мирче Ацев“ од Скопје. Миленко е во составот на овој хор кога во 1982-ра „Мирче Ацев“ победува на светскиот хорски фестивал во Мидлсборо во Англија во конкуренција на 200 хора од цел свет.

ФОТО: Миленко Неделковски / Фејсбук

Својата кариера ја започнал во 1983 година, како спортски новинар во редакцијата на Радио Телевизија-Скопје. Нешто подоцна се ангажирал како спортски коментатор во директните преноси на Формула 1, мото-спортови, велосипедизам и гимнастика. Учествувал во подготовка на преносите од Светските првенства во фудбал во 1990 и 1994 година, како и на ЛОИ 1992. Во 1990-тите бил организатор на неколку пријателски натпревари во фудбал од меѓународен карактер.

Маркетинг

Од 2006 година, започнал со емисијата Late Night Show, која се емитува на Канал 5 телевизија. Паралелно со гостувања на личности од политичкиот живот, Неделковски изработувал и „off-road“ емисии.

ФОТО: Миленко Неделковски / Фејсбук

Во 2008 година, со пресуда на Основниот суд 1, тој бил осуден на двегодишна затворска казна за измама на 22 македонски граѓани, издавајќи им непостоечки американски визи. Подоцна оваа казна му била заменета со условна слобода ако во рок од пет години не го повтори делото и ако за една година им ги врати парите, во износ од 160 илјади евра, на оштетените во случајот.

ФОТО: Миленко Неделковски / Фејсбук

Во февруари годинава од Министерството за внатрешни работи информираа дека во угостителски објект о село Стајковци биле приведени 18 лица поради непочитување на мерките за заштита во време на пандемија. Меѓу приведените биле новинарите Миленко Неделковски, Александар Митовски, но и претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.

Имено, како што кажаа подоцна за медиумите тие во ресторанот го прославувале пензионирањето на Миленко. Иако веќе заминувале од локалот, затоа што угостителските објекти имаа право на работа до 21 часот, полицијата ги пресретнала и ги повикала да дадат изјави во полициска станица.

ФОТО: Миленко Неделковски / Фејсбук

Инаку, Миленко важи за човек без влакна на јазикот, кој е доста активен на социјалните мрежи. Понекогаш и јавно се спротиставува на државните власти, критикувајќи ги нивните постапки.

Тој исто така обвини дека властите го лажат народот и манипулираат со коронавирусот.

„Спремен сум да влезам во Инфективна и со заболените БЕЗ МАСКА да седам 24/7 седум дена. Доколку се разболам и умрам, задолжително лекарски независен тим да изврши обдукција и да ја утврди вистинската причина за смртта. Доколку се разболам и се излечам, да се објави со помош на кои медикаменти и третмани сум излекуван, за да може сите понатамошни животи успешно да бидат спасени. Доколку ништо не ми се случи, да ми бидат исплатени 500.000 евра обештетување затоа што лажете и манипулирате со наводниов вирус“, напиша тој на Фејсбук.

ФОТО: Миленко Неделковски / Фејсбук

На приватен план, Миленко е татко на две деца ќерка му Бона и синот Борис, кои ги доби со Мила Ивановска. Неговите деца работат и живеат во САД.

Понекогаш на социјалните мрежи знае да сподели фотографии од неговите деца.

Соите следбеници ги изненади кога објави од син му Борис и снаата Арина и притоа напиша:
-Ај, за убав ден. Снаа ми Арина и син ми Борис.

Неодамна тој објави пост поврзан со неговата ќерка Бона, најверојатно поврзан со нејзината професија. Имено, таа е вработена како агент за недвижнини во Capstone Realty & Associates.

-Бомбона бизнис, стои во опис на фотографијата која Миленко ја сподели на Фејсбук.

Според фотографиите објавени на социјалните мрежи на Бона, може да се забележи дека таа е во поодмината бременост и водителот наскоро ќе стане татко.

Таа често споделува и семејни фотографии, на кои пишува емотивни пораки за семејството.

По повод Денот на татковците сподели фотографија со водителот, а во опис напиша: „Среќен ден на татковците за најдобриот татко на светот. Те сакам тато“.

ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм
ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм
ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм
ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм
ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм
ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм
ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм
ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм
ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм
ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм
ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм
ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм
ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм
ФОТО: Бона Неделковска / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button