Милена се прошета во тесни бели панталони, па ги изненадени сите со пораката што ја напиша
Неколку идеи како ова лето да носиме бели панталони според примерот на познатите дами
Нашата позната водителка Милена Aнтовска-Станковска во уште едно интересно пролетно издание.
Милена често објавува фотографии на својот профил на социјалните мрежи, со кои секогаш пријатно ги изненадува своите следбеници.
Имено Милена овој пат избра тесни бели панталони, со ногавици со должина 7/8, со кои ги истакна своите нозе во преден план.
Таа горе носеше бела туника, со „oversize“ сако во розова нијанса преку неа, а на нозете бели чевли со високи потпетици.
Но она што најмногу ги изненади фановите беше нејзиниот коментар што го остави под фотографиите на Инстаграм.
Имено таа напиша „Хурем султан“, а потоа појасни и дека беше гостинка на „Неделата на турската кујна“ и дека уживаше во настанот.
Инаку, белите панталони се моден детаљ што секоја девојка би требало да ги има во своите плакари.
Елегантни и лежерни, тие се идеални за пролетната и летната сезона и можете да ги носите во најразлични пригоди.
Посебно доколку сте слаби и не „кубурите“ со килограмите, тесните бели панталони ќе би стојат одлично.
Тие се многу лесни за комбинирање и секогаш изгледаа впечатливо, па затоа и ги обожаваат многу познати дами.
Покрај класичните модели, во последно време сé повеќе дами ги носат и оние со поширок крој, кои се идеални за покривање на „фалинките“ и ја нагласуваат половината. Направени од пријатни материјали, со спуштен струк и интересен крој, во нив женското тело изгледа токму онака како што треба, а можете да ги носите како со рамни сандали, така и со вашите омилени чевли со високи потпетици.
Па, доколку и вие имате вакви панталони во вашите плакари или планирате да ги набавите, погледнете уште неколку интересни комбинации кои би можеле да ве инспирираат како да ги носите во месеците што се пред нас.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм