Милена се породи и на ќеркичката и даде преубаво име, а сега објави и ФОТОГРАФИЈА со бебенцето и никого не остави рамнодушен
Македонската водителка ги стопи сите со својата нова фотографија на Инстаграм.
Милена Антовска во моментов ужива во можеби најубавиот период од нејзиниот живот.
Долг период не е дел од малите екрани, но за тоа има оправдана причина.
Сепак, доста е активна на социјалните мрежи и нејзините фанови таму можат да следат каде е и што прави.
Милена важи за една од нашите најзгодни водителки.
За нејзината убавина, освен одличната генетика заслужна е и физичката активност.
Водителката е една од ретките кои споделуваат детали за својот приватен живот.
Од малите екрани одлучи да се повлече уште на почетокот на својата втора бременост, бидејќи беше изложена на ризик поради пандемијата.
Природата на нејзината професија е таква што постојано мора да биде во контакт со луѓе, а коронавирусот може да биде многу ризичен за невакцинираните трудници.
Таа дури и јавно се противеше на мерките на Владата за заштита од коронавирусот, бидејќи не пружаат доволна заштита.
Вакцинираните против Ковид 19 при секое влегување во поголемите трговски центри или рестораните мораат да приложат сертификат за примена вакцина.
Водителката беше против оваа мерка, не затоа што е антиваксер, туку затоа што поради бременоста одлучи да не експериментира врз своето дете и одби да се вакцинира.
Сепак, целиот период го помина безбедно.
Милена e неколку години во брак со сопругот Гордан Станковски, а плод на нивната љубов се нивните две ќеркички Лана Марија и Јоана.
Она што е интересно е тоа дека водителката и двете ги има родено на големи христијански празници.
Лана Марија се родила на празникот Голема Богородица и токму затоа го доби и името Марија.
Годинава на големиот православен празник Василица се роди и нивното второ чедо, ќерката Јоана.
Се чини дека семејството е конечно комплетно.
Двете сестрички се најголема радост во семејството.
Милена често споделува фотографии од Лана Марија, но лицето на Јоана сѐ уште го крие.
Сепак, не може да се воздржи а да не сподели барем некаква фотографија од бебето.
Овој пат таа ги стопи сите со фотката на која ја држи за раче малата Јоана.
„Утра како ова”, стои во описот.
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска