Милена прослави годишнина од бракот, па сподели досега невидени ФОТОГРАФИИ од свадбата – еве како изгледаше како невеста!
Водителката Милена Антовска Станковска неодамна на својот Инстаграм профил најави дека заминува на одмор.
Имено, познатата водителка заедно со уште неколку свои колеги „отплови“ во Анталија, а со своите провокативни фотографии привлекува внимание.
И додека на телевизија сме навикнати да ја гледаме во фустани, шармантната водителка овој пат максимално му се препушти на уживањето, па можевме да ја видиме во интересен модел на костим за капење со убавите нозе во преден план, но и во неколку опуштени пролетни изданија.
Милена е активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии, а коментари на сметка на нејзиниот изглед не престануваат да пристигнуваат од сите страни.
„Риба убава, најпрекрасна и најслатка новинарка“, „Прекрасен шарм“, „Таа зрачи“, „Како опиум си“ беа само некои од коментарите.
Инаку, Милена во рамките на своите „Инстаграм приказни“ објави и едно видео од нејзината свадба.
Имено, таа и нејзиниот сопруг Гордан Станковски точно пред четири години се заколнаа на вечна љубов во манастирот Св. Јован Бигорски.
Водителката од бракот со Гордан ја имаат малечката Лана која нестрпливо чекаше да се врати нејзината мама.
Еве како Милена изгледаше како невеста:
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии што Милена ги објави додека беше на одмор во Турција.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска