Милена позираше во кocтим за капење и ги воодушеви мајките од цела Македонија – еве како изгледа жена по бременост и царски рез

Големо БРАВО за овие нејзини зборови…

Водителката Милена Антовска Станковска одморот го дочека со раширени раце, па заедно со семејството замина на море.
И додека се одмараше и уживаше во убавото сончево време, водителка реши и да го покаже своето тело.
Но она со што најмногу привлече внимание не беше нејзиниот шарм и убавина, туку коментарот што го остави.

Имено, таа под фотографиите напиша:
„Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана. Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку:)“

„Ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме слика. Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите“, напиша таа во описот на фоотграфиите со кои ги воодушеви сите.

Инаку Милена на почетокот од оваа година се породи кога на овој свет ја донесе својата втора ќеркичка Јоана.

Таа се породи еден ден по својот роденден и тоа на големиот празник Василица, а четири години претходно, на Голема Богородица ја роди својата прва ќерка.
Како што самата откри во една пригода, таа токму заради тоа и ја крстила својата прва ќерка Лана Марија бидејќи името Лана го избрале уште додека била бремена, а потоа и го додале и името Марија заради празникот.

Таа за времена на бременоста се повеќе од јавната сцена, бидејќи беше изложена на ризик поради пандемијата.

Како таа изгледаше за време на бременоста, но и сега неколку месеци по породувањето, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска