Милена планира да направи драстична промена на својот имиџ во БРЕМЕНОСТА? Не крие кој ја натера на тоа (фото)

Македонската водителка ги засмеа сите со една фотографија.
Милена Антовска во моментов паузира од ТВ екраните.
Како што самата соопшти, водителката и нејзиниот сопруг очекуваат принова.
Бидејќи природата на нејзината работа е таква, што постојано мора да е во контакт со многу луѓе, таа одлучи да се повлече. Коронавирусот може да биде навистина штетен за невакцинирана трудница, па водителката одлучи да замине малку порано на трудничко боледување.

Таа е доста активна и на социјалните мрежи, кои ѝ служат и за заработка.
Но, освен тоа таа таму често споделува и фотографии од своето семејство а се труди да оствари и контакт со своите фанови.
Отворено секогаш зборува за својот приватен живот и за сѐ она што ѝ се случува приватно. Публиката ја препозна искреноста кај неа и токму затоа има голема гледаност на нејзините емисии.

Водителката доста обрнува внимание на својот физички изглед.
Позната е како жена која го сака женствениот, елегантен стил.
Инаку, водителката веќе неколку години успешно плови и во брачните води.

Таа и нејзиниот сопруг Гордан се запознале во кафеана, веднаш почнале да комуницираат, а комуникацијата им продолжила на социјалните мрежи. Набрзо после тоа започнале љубовна врска.
Недолго после тоа одлучиле да стапат во брак, па направиле и голема свадба.
Круна на нивната љубов е нивната ќерка Лана Марија.

Милена често на социјалните мрежи споделува фотографии од својата наследничка.
Често на социјалните мрежи посветува емотивни пораки посветени за неа.
„Ти си дел од мојата душа, моето срце и моето тело. Ти си се’ што можев да посакам и замислам кога станав мајка. Ти си мојата љубов што ја уживам секој ден. Сакам да бидеш сакана и да се чувствуваш слободна, да бидеш се’ што ќе посакаш, а јас ќе бидам твојот столб, твоја поддршка и ќе ти го чувам грбот засекогаш… Мојата Лана Марија“, напиша водителката во опис на фотографијата на која лежи до својата ќерка.

Како што откри во едно свое интервју, таа и Гордан очекуваат уште една ќеркичка.
Водителката истакна дека иако посакувала син, сепак неизмерно е среќна што ќе има уште една ќерка.

На својот Инстаграм профил таа сподели интересна фотографија со која засмеа многумина. Имено, нејзината Лана Марија залепила сликички од ликови во цртани серии и напишала дека тоа е нејзината мајка. Интересно е што ликовите на сликичките се русокоси.
„Ова е знак дека треба да преминам во русокоси? Мојата Лана Марија“, стои во описот.
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска
Фото: Инстаграм / Милена Антовска