Милена водеше емисија во ПРЕКУСО ЗДОЛНИШТЕ – гледачите не можеа да го тргнат погледот од неа
Таа е една од омилените водителки на нашите гледачи
Милена Антовска-Станковска никого не стави рамнодушен кога се појави во сукња која повеќе открива отколку што сокрива.
Шармантната водителка ги покажа своите затегнати нозе во прекусо здолниште, па за ова свое издание веднаш доби комплименти.
„Најубавата водителка на цел Балкан“, „Убавица“, „Најубавата“, „Прекрасна дама“, се редеа коментари еден по еден под нејзината фотографија, а меѓу нив имаше и такви кои беа малу подиректни, па и порачаа дека има убави нозе.
Маркетинг
Милена едноставно блескаше во ова свое атрактивно и смело издание крадејќи ги сите погледи со шареното кусо здолниште.
Таа во горниот дел носеше тесна кошула во портокалова нијанса, а целото издание го „зачини“ со црни чевли со тенки високи потпетици.
Инаку, Милена е поприлично активна на социјалните мрежи каде речиси секојдневно споделува фотографии од своето секојдневие.
На нејзината витка става можат да и позавидат многу нејзини колешки, посебно што и по двете бремености изгледа вака.
Милена за брзо време откако ја роди својата ќерка Јоана повторно се врати во топ форма, така што денес покрај тоа што важи за една од најубавите и омилените водителки, таа е и една од најзгодните.
Покрај ќерката Јоана што ја доби на почетокот на минатата година, таа ја има и Лана Марија која што ја роди пред пет години.
Во продолжение погледнете уште неколку интересни изданија на оваа млада и прекрасна мама.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска