Реклама
Наши ѕвезди

Милан Поповиќ ја пријави Северина за семејно насилство

Реклама

Милан Поповиќ ја пријави Северина за семејно насилство

Адвокатскиот тим на Милан ги пријави Северина во Центарот за социјална заштита навредите што пејачката наводно ги изнела на сметка на таткото на своето дете и поради тоа ја обвини за семејно насилство.

Маркетинг

Српскиот таблоид Блиц пишува дека Милан ја пријавил поради писмото што Северина му го испратила преку интернет, а во кое го нарекува со погрдните зборови како: „глупак, нездрав човек кој мора да се лечи на психијатрија, психопат, гомнар, злобник, гад, губитник, манијак, криминалец…“

https://www.instagram.com/p/Bp7TJIKCp27/

Маркетинг

Според Блиц Северина во писмото му напишала дека ќе направи се за да го заштити својот син од таткото, но и дека и се повраќа од него, дека го загадува светот, дека е бедник и нула од човек.

Од самиот почеток на судскиот процес со поранешниот партнер, Северина повеќе пати беше пријавувана од спротивната страна за разни „бедотии“. Сите пријави против неа беа отфрлани како неосновани. „За оваа пријава денес слушнав прв пат и умрев од смеење“, коментираше за хрватскиот портал Индекс менаџерот на Северина, Томица Петровиќ.

https://www.instagram.com/p/Bpy8-0ohj8m/

Инаку, Северина и Милан Поповиќ веќе долго време водат судска битка за старателството над синот Александар. Според последната пресуда, Александар треба да живее подеднакво и кај двајцата родители. Северина не е задоволна со оваа одлука и смета дека не е добро за детето и на неа ќе се жали“, заклучи нејзиниот менаџер.

Поврзано

Back to top button