Мики со „Полско цвеќе“ од Тоше Проески ја стопи Цеца – пејачката е пресреќна што го има во својот тим
Еден од најдобрите настапи во „Ѕвездите на Гранд“
Се уште се зборува за овој негов настап
Мики Секуловски е еден од ретките пејачи во „Ѕвездите на Гранд“ кого членовите на жирито одвај чекаат да се појави на сцената.
Впрочем тоа го призна и Вики Миљковиќ која по еден од неговите настапи кажа дека секогаш е нестрплива кога е тој во прашање и одвај чека да се појави и да види со што ќе се претстави на сцената.
„Ти си еден од ретките кои успеваат од круг во круг да ни пружи нешто ново, поинакво и убаво. Посебно кога е твојата музика во прашање“, искрено коментираше тогаш кумата на Цеца.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Од друга страна Ѓорѓе Давид по истиот настап порача дека Мики е за самото финале, а Цеца која му е менторка беше пресреќна.
Таа по неговиот настап веднаш стана, му пријде и го гушна пред камерите, а како изгледаше овој момент погледнете во продолжение…
Потсетуваме, Мики и на својот последен настап направи лом на грандиозната сцена и ги освои сите со својот извонреден глас.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тогаш Цеца беше болна и не беше во жирито, а на нејзино место беше Ивана Петерс која исто така беше воодушевена од него.
Како изгледаше и овој момент погледнете во продолжение…
.