Реклама
Наши ѕвезди

Мики Секулоски објави видео од полуфиналето – голема неизвесност, пејачката со солзи на очите (фото)

Поповиќ пред голема дилема, ова му е најтешката ноќ во „Ѕвездите на Гранд“

Реклама

Велешанецот Мики Секуловски на социјалните мрежи сподели кратко видео од полуфиналето што ќе се емитува оваа сабота.

Станува збор за најгледаната талент-шоу програма на Балканот во која најдобрите пејачи што ги поминаа сите кругови во претходните осум месеци ќе се натпреваруваат кој ќе оди во финалето.

Во полуфиналето останаа 20 натпреварувачи, од кои покрај Мики Секуловски од Македонија се и Андријана Петрушовска која и минатата година се натпреваруваше, како и 18 годишната Мелиса Зијадиќ.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фотографија од полуфиналето објави и Мелиса која откри дека за оваа посебна вечер избрала тесна жолта креација во која блескаше, додека Андријана Петрушовска сподели едно интересно видео на кое можеме да видиме како заедно со Драган Којиќ Кеба ја пее „Македонско девојче“, облечена во светкаво издание.

Маркетинг

Што се однесува до видеото што го сподели Мики, во него креативниот директор на Гранд, Саша Поповиќ, објаснува дека ова е најтешката вечер во неговата досегашна кариера бидејќи мора да одлучи кој од останатите пејачи ќе го напушти шоуто, а кој ќе помине во финалето.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И додека тој ги кажува овие зборови, истакнувајќи дека од единаесетте пејачи што се наоѓаат зад него четворица ќе го напуштат натпреварот, претставниците на жирито со внимание го следат секој негов збор. Судејќи според изразот на нивните лица во целото студио владее „страшна“ тензија, но и голема неизвесност кој од нивните кандидати ќе остане, а кој ќе го напушти шоуто.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како што објави и „Гранд.онлајн“, во овие тензични моменти посебно емотивна беше пејачката Снежана Ѓуришиќ, која, наводно, одвај ги задржала солзите додека да дознае кој ќе помине.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, големото финале ќе се емитува на 8 јуни кога и ќе дознаеме дали повторно ќе триумфира некој од Македонија.

Инстаграм

Минатата година титулата победник ја однесе Славица Ангелова, а дали овој успех ќе го повтори некој наш, останува да видиме.

Инстаграм

Победникот ќе зависи од бројот на гласови, но претходно и од одлуката кој од овие 20 пејачи ќе помине во полуфиналето.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Па, што ќе се случува оваа сабота во „Ѕвездите на Гранд“, погледнете во видеото што следува…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button