Реклама
Наши ѕвезди

Мики Секуловски соопшти ПРЕУБАВА ВЕСТ – ќе се изненадите кој од менторите прв му честиташе

Мики Секуловски најави голем концерт во Велес

Реклама

Мики Секуловски кој го освои високото второ место во „Ѕвездите на Гранд“ го најави својот прв голем концерт во родниот град.

Мики кој беше на чекор до победа во „Ѕвездите на Гранд“ сега на својот профил на Инстаграм соопшти дека на 21 јули ќе го одржи својот прв голем концерт во рамките на Велешко лето

„На мое огромно задоволство ви го најавувам мојот прв концерт во рамки на Велешко Лето! Ви ветувам одлична забава во чест на огромната поддршка која ја добив од вас! Добредојдени сте сите!“, напиша Мики, па додаде уште едно изненадување за неговите фанови.

Маркетинг

Инстаграм/ Мики Секуловски

Имено, пејачот откри дека специјални гости на концертот ќе му бидат Андријана Петрушовска, Омар Џаферовски и Лина Пејковска.

Маркетинг

Инстаграм/ Мики Секуловски

Концертот е закажан з 21 јули во велешкиот Амфитеатар, а меѓу првите кој му честиташе на Мики беше Ѓорѓе Давид.

„Браво луѓе“, напиша рокерот на Инстаграм.

Принтскрин/ Јутјуб, Пинк

Интересно, Мики пред само неколку дена беше гостин во една од најгледаните естрадни емисии на Балканот, „Амиџи-шоу“, каде гостуваше заедно со Андријана Петрушовска, Шејла Зониќ и Јулија Петровиќ.

Тие тогаш одговараа на многу интересни, но и „скокотливи“ прашања, а Мики и Јулија во повеќе наврати признаа дека помеѓу нив постојат симпатии. Тие и додека траеше шоуто цело време беа неразделни, а веќе некое време се погласно се шушка и дека има нешто помеѓу нив.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Повеќе за ова прочитајте тука, а во продолжение погледнете едно видео што го објави Јулија, а од нивната заедничка дружба.

Инстаграм/ Јулија Петровиќ

Концерт за паметење

Инстаграм/ Мики Секуловски

Потсетуваме, Мики Секуловски неодамна беше гостин на големиот концерт на Андријана Петрушовска во Драчево.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Тие тогаш направија одлична забава, а на социјалните мрежи се уште се вртат снимки и фотографии од овој настан.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Мики тогаш, по концертот, изјави дека му била голема чест и задоволство што испеал неколку песни пред скопската публика.

Тој тогаш пред камерите на „Гранд“ зборуваше и за неговиот емотивен живот, па откри и дали има девојка.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

„Љубов се уште нема. Имам љубов од публиката, но приватно нема“.

„Има многу девојки што му се допаѓаат, но сакам да ги запознам, тоа се уште не се случи“, изјави тогаш искрено Мики.

Бонус видео

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Нашите Гранд ѕвезди во акција

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button