Мики Секуловски растури, Цеца никогаш не била посреќна – велешанецот го освои Балканот со својот глас
Еден од најдобрите натпреварувачи што некогаш се појавиле во ова популарно музичко шоу

Искусниот велешанец Мики Секуловски (36) од тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ направи „хаос“ во новата епизода од „Ѕвездите на Гранд“.
Мики на сцената излезе со песни од „Бјело дугме“ и Дадо Топиќ и ја освои публиката додека од жирито доби 6 гласови.
Тој настапи во дуел со младиот Инел Нукиќ (17) за кого жирито тврдеше дека немал среќа што се натпреварува против еден ваква „аждаја“ каков што е Секуловски кој веќе има големо искуство зад себе.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Ѓорѓе Давид беше воодушевен до настапот на Мики, па покрај тоа пто цело време играше, на крај и го бакна пејачот.
„Кандидат број еден, нереален дуел, посебно што ти си човек колку што оваа материја ја познавам кој работи како треба. А сега исечи ме, бидејќи морам да излезам и да го бакнам Македонецот. Никој никогаш не се осмелил да го отпее Топиќ и оваа песна што ти ја избра. Ти благодарам за тоа, јас уживав во него“, изјави познатиот рокер, а Саша Поповиќ се пошегува на негова сметка.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Јас да сум на твое место би дошол и би ја бакнал Цеца како негова менторка“, изјави Поповиќ, а Ѓоле отрча и ја бакна Цеца.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Па зошто мене, човекот пееше, а не јас?“ праша пејачката, а потоа го додаде и следново:
„Кажа дека добив бисер, но јас велам корпа со бисери“, го пофали својот кандидат познатата фолк-пејачка.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Од друга страна Ана Бекута беше изненадена од реакцијата на Ѓоле, посебно додека тој се радуваше на настапот на Мики.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Ова е само еден натпреварувач. Одличен си, не сакам да ја намалувам твојата вредност, но на мене тука Ѓоле ми беше многу чуден, изјави Ана. Неговото однесување го коментираа и останатите, по што Поповиќ реши да ја прекине дебатата и ѝ даде збор на Ражнатовиќ.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Одам да го гушнам мојот кандидат“, изјави Цеца и на сцената излезе боса со што ги изненади сите во студиото.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Мики и претходниот круг кога се појави на сцената во „Ѕвездите на Гранд“ никого не остави рамнодушен.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Тој веднаш ги освои симпатиите како на публиката, така и на жирито, а Цеца беше пресреќна што тој заврши во нејзиниот тим.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Мики тогаш беше претставен како келнер, бидејќи тој тоа навистина го работеше во Белгија во изминативе години.
Имено, 36-годишниот велешанец кој во нашата земја е познат и по неговото учество во македонскиот „Идол“, каде во младоста ги воодушеви сите со неверојатниот талент за пеење, како и по неговите песни кои се уште се вртат по нашите радио станици, по долги години реши да си ја проба среќата и во ова популарно шоу и тоа очигледно беше паметен избор.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Многумина веднаш го споредија со Исак Шабановиќ, пејачот кој исто така со својот прв настап доживеа неверојатна популарност.
А како Мики звучеше тогаш, можете да дознаете тука…