Мики Секуловски растури со „Јовано, Јованке“ – Цеца ПРЕСРЕЌНА, скокна и му се фрли во прегратки
Ова беше најголемиот предизвик за жирито досега
Мики Секуловски повторно еден од најдобрите
Велешанецот Мики Секуловски во последната емисија настапи во дуел со уште еден многу добар пејач.
Станува збор за шармантниот Стефан Томиќ кој исто така на публиката и пружи незаборавен настап, па жирито беше ставено на маки за кого од овие двајца одлични пејачи да го даде својот глас.
И бидејќи и двајцата освоија максимален број гласови, следуваше акапела пеење, по што жирито повторно гласаше нерешено.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Потоа следуваше уште една акапела, па Мики реши да се претстави со „Јовано, Јованке“ со која што беше убедливо подобар.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
По напнатото и неизвесното гласање до самиот крај, Мики се пласираше во четвртфиналето, додека Стефан замина во бараж.
Прва со коментар се огласи пејачката Ивана Петерс, која во оваа емисија седеше на местото на Марија Шерифовиќ.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Стефан, имаш прекрасен глас, но Мики ти си енергетска бомба и тоа е она што ја ложи публиката и сé. Треба да се преполовам на половина и да ви дадам глас“, коментираше познатата српска пејачка.
Потоа коментираше Александар Милиќ Мили според кој и двајцата беа сјајни, но и подеднакво лоши во пеењето акапела.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
На неговиот коментар се надоврза Цеца која за цело време на настапот на Мики играше, а потоа излезе да му честита на резултатот.
„Мала дигресија, вие видовте дека момците умреа од скокање и требаше веднаш да пеат акапела што е многу тешко, и сами знаете. Мики одвај дојде до воздух, иако тој нема проблем со тоа и е школуван, умее да владее со гласот, само е преуморен“, се надоврза Цеца која му е менторка на Мики.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Потоа Ѓорѓе Давид истакна дека згрешил што му дал глас на Стефан, но и призна дека тие беа најинтересниот дуел оваа сабота.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Сметам дека направив грешка Стефан, бидејќи шестиот глас ти го дадов на тебе. Акапелите не ми се допаднаа и јас гласав програмски.“
„Мики Секуловски одлично, разнолико. Мислам дека ова беше најинтересниот пар вечерва“, коментираше познатиот рокер по настапот на кандидатите.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
На крај се огласи и Цеца која не го криеше задоволството што уште еден нејзин кандидат од Македонија помина.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Мики, горда сум, ти ја оставаш душата на сцената и мислам дека е апсолутно заслужено. Стефан, среќно во бараж“, заклучи Цеца.