Реклама
Наши ѕвезди

Мики Секуловски откри кој од жирито во Гранд му е најнесимпатичен – шок одговор за сите (видео)

Сега сите ја чекаат нејзината реакција

Реклама

Никој не очекуваше вакво прашање

Мики Секуловски заедно со своите колешки од „Ѕвездите на Гранд“ беше гостин во емисијата „Амиџи-шоу“ на Огњен Амиџиќ.

Шармантниот велешанец одговараше на неколку незгодни прашања, а едно од нив беше и прашањето кој во кого е заљубен – дали Мики во Јулија, Јулија во Мики, или Бета Судар во Мики.

Маркетинг

Имено, Мики во емисијата беше гостин со девојките кои беа најдобри во „Ѕвездите на Гранд“ – Шејла Зониќ, Андријана Петрушовска и Јулија Петровиќ. И бидејќи за него и Јулија веќе подолго време се шушка дека постојат симпатии помеѓу нив и дека се „мувале“, водителот најпрво му го постави ова незгодно прашање.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб, Амиџи-шоу

Но Мики секако дека одговори џентламенски, односно дека наводно тој бил вљубен во Јулија, пошто сите се насмеаја.

Сепак, ова не беше единственото незгодно прашање за младите пејачи кои му беа гости во популарното шоу на Огњен.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Слично незгодно љубовно прашање следуваше и за Јулија (види тука), а потоа на ред дојдоа и „Тешките прашања“.

Па така во текот на овој сегмент гостите мораа да ги наведат претставниците на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, и тоа по ред, од оној што им е најмалку симпатичен до најсимпатичниот.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

И Секуловски одговори на ова прашање, па според него најмалку симпатична е Снежана Ѓуришиќ, додека најсимпатична – Цеца.

Еве го неговиот редослед:

„Снежана, Босанац, Мили, Марија, Вики, Ѓоле, Цеца“, изјави Мики.

Принтскрин/ Јутјуб, Амиџи-шоу

Својата менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Мики секако дека ја стави на крајот од списокот, а сите се прашуваат како ќе реагираат Снежана и Босанац, но и Александар Милиќ Мили на овој негов одговор.

Принтскрин/ Јутјуб, Амиџи-шоу

Од друга страна и Андријана Петрушовска својот редослед го започна со Снежана, но го заврши со својот ментор Мили.

Бонус видео

Мики пее, бакшиш „лета“ од сите страни

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button