Мики Секуловски на гости кај својата менторка Цеца Ражнатовиќ – ваков предлог не се одбива (видео)
Откриваме неколку детали од финалето, но и како звучи кога Мики на Цеца и ја пее Јовано, Јованке!
Големото финале од „Ѕвездите на Гранд“ ќе го гледаме оваа сабота, на 8 јуни, кога 20 кандидати ќе се борат за победа.
Оваа година во финалето ќе настапат тројца кандидати од Македонија, Андријана Петрушовска, Мелиса Зијадиќ и Мики Секуловски.
Како што најавуваат од продукцијата, финалето ќе го одбележат настапи што ги осмислиле кандидатите во договор со своите ментори, а победникот ќе се избира исклучиво преку СМС гласови, додека стручното жири овој пат нема да гласа, пишува „Гранд.онлајн“.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
По емитувањето на полуфиналето финалистите се собраа во бекстејџот каде со жреб беше одлучено под кој реден број ќе настапуваат, а честа прв да настапи во финалето му се падна на Мики Секуловски.
Андријана Петрушовска пак, ќе настапи последна, додека на Мелиса Зијадиќ и се падна да настапи под редниот број 16.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Мики и Мелиса се во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, додека Андријана е во тимот на Александар Милиќ Мили.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Мики овие денови беше и гостин во емисијата на Цеца, „Цеца шоу“ која пејачката ја рекламира на својот Инстаграм.
Тој неодамна пред камерите на „Гранд.онлајн“ отворено зборуваше за соработката со Цеца кога призна дека е изненаден од нејзиното пријателско однесување кон него и останатите кандидати, но и што мисли за тоа што пејачката изјави за нивнна соработка.
Инстаграм/ Мики Секуловски
„Цеца е супер како личност, јас не очекував таа мене да ме почитува, таа е веќе бренд на Балканот. Не очекував да е така пријателски настроена кон кандидатите, да помага и да дава сугестии, така што пријатно сум изненаден од неа“ изјави тогаш Мики, па го коментираше и тоа што познатта фолкерка во една пригода изјави дека ќе и биде гостин на еден од нејзините следни концерти.
„Дај боже, не знам. Тоа едноставно за мене е голема чест. Знаете сите кој е Цеца, што е таа на овие пристори, така што ако ми се пружи прилика да бидам гостин на нејзин концерт, ќе ми биде чест и задоволство“, изјави тогаш Мики Секуловски за „Гранд.онлајн“.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, оваа желба на Мики и Цеца се оствари, односно пејачката веќе го покани да биде гостин во нејзиното шоу.
Гости во емисијата беа и Саша Поповиќ со неговата сопруга Сузана Јованопвиќ, а Мики и Цеца го вкрстија микрофоните и заедно ја испеаја македонската песна „Јовано, Јованке“.
Дали Мики со оваа песна ќе настапи и во големото финале на „Ѕвездите на Гранд“ или пак со својата менторка Цеца подготвуваат некое друго интересно изненадување, ќе видиме наскоро.