Мики Секуловски конечно се огласи и еве што изјави за победничката во „Ѕвездите на Гранд“, но и за Цеца
Не крие дека не очекувал ваков резултат
Тој беше единствениот маж што се пласираше во најдобрите шест кандидати, а потоа стигна и до суперфиналето…
Мики Секуловски со својот неверојатен успех во „Ѕвездите на Гранд“ ги воодушеви сите, но посебно фановите од Македонија.
Тој го освои високото второ место во „Ѕвездите на Гранд“, а победи Шејла Зониќ која исто така беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ.
Во тимот на Цеца беше и 18-годишната Мелиса Зијадиќ од Македонија, додека Петрушовска која исто така стигна до финалето и која го освои третото место беше во тимот на Александар Милиќ Мили.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
По неверојатниот успех Мики се огласи и најпрво преку Инстаграм им се заблагодари на сите што гласаа за него.
Тој за „Гранд.онлајн“ зборуваше и за своите први впечатоци по финалето, искрено откривајќи дека не очекувал ваков резултат. Како што самиот вели, бил презадоволен и со самото тоа што успеал да стигне до финалето и не очекувал да биде меѓу тројцата најдобри.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Што се однесува до победничката која исто така беше во тимот а Цеца, Мики вели дека му е драго што победила Шејла затоа што, според него, таа била една од најдобрите кандидати.
Фото: Инстаграм
„Навистина ми е драго за Шејла затоа што беше еден од најдобрите, ако не и најдобриот вокал во овој натпревар, но и што беше од мојот тим“, изјави Секуловски за „Гранд.онлајн“.
Фото: Инстаграм
Тој потоа откри и дали зборувал со Цеца и дали ќе ја продолжи соработката со неа, истакнувајќи дека навистина би бил пресреќен доколку во иднина се случи било каква соработка со неа.
„Можеби ќе се случи и некој дует со Цеца и мене, и навистина ми е драго доколку се направи нешто со моето пеење, кое е поп-рок, и нејзиното пеење. И доколку таа прифати, навистина ќе ми биде драго“, вели Секуловски пред камерите на „Гранд.онлајн“.