Мики Секуловски конечно откри дали има девојка – ова ги изненади сите, пејачот беше потполно искрен
„Има девојки, ама некој треба да ги најде“
Мики Секуловски уште кога се појави на сцената во „Ѕвездите на Гранд“ остави силен впечаток и ги воодушеви сите.
Така беше и во последната емисија кога исто така растури на сцената, а за овој негов настап се уште се зборува.
Како што самиот откри подоцна во интервју за „Гранд.онлајн“, имаше мали проблеми со грлото, но се трудеше да даде сé од себе, така што и овој пат доминираше на сцената иако и неговиот ривал во дуелот, Босанецот Алмир Делиќ, исто така беше одличен.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Сепак, на крајот Мики доби шест поени, а сите претставници на жирито беа согласни дека е еден од најдобрите пејачи во шоуто.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Тој исто така не помина незабележано и кај претставничките на понежниот пол, посебно откако за Гранд откри дека е „соло“.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Имено, тој зборуваше за својот емотивен статус и потенцираше дека не е оженет, но и дека во моментов нема девојка.
„Најверојатно се уште ја немам пронајдено вистинската. Имав некои семејни проблеми и останав во Белгија 5 години, бидејќи едноставно морав да останам. Но се вратив и одлучив да се пробам во ‘Ѕвездите на Гранд’ и живеам во Македонија“, изјави Мики за Гранд, па додаде:
„Има девојки во Македонија, само треба некој да се потруди да ги најде“, вели во шега талентираниот пејач од Велес.
Неговиот настап погледнете го во продолжение…