Мики Секуловски го запали Мош – излезе пред скопската публика, жените воодушевени од неговиот имиџ
Мики заедно со уште една своја колешка ги воодушеви сите
Мики одржа настап за паметење
Познатиот пејач од Велес, Мики Секуловски, кој изминатиов период беше актуелен во „Ѕвездите на Гранд“ каде го освои високото второ место овој викенд имаше настап за кој ќе се зборува со денови.
Имено, Мики по спектакуларното освојување на вицешампионското место во популарното шоу го имаше својот прв настап во еден од најпознатите скопски клубови каде буквално растури на сцената.
Публиката беше воодушевена и цела вечер ги пееше познатите хитови со него, а и Мики беше одлично расположен.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Тој настапи заедно со пејачката Барбара Поповиќ, а пред публиката се појави во панталони и сако и ги освои дамите и со својот изглед.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Присутните го поздравија пејачот со овации, а може да е заклучи и дека Барбара и Мики имаат одлична енергија на сцената.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Потсетуваме, Мики буквално растури во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ кога го освои високото второ место.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Сепак, тој не крие дека е изненаден од сето она што му се случуваше во шоуто, но и од поддршката што ја доби од македонската публика.
Имено, меѓу најдобрите во шоуто покрај Мики беа и Андријана Петрушовска и Мелиса Зијадиќ кои исто така добија огромна поддршка од гледачите во Македонија, па така Андријана го освои третото, а Мелиса петтото место. Впрочем, од ваквиот резултат беше воодушевена и Цеца Ражнатовиќ, која му беше менторка на Мики, но и на Мелиса и Шејла, која победи во шоуто.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Цеца овој викенд одржа и концерт во Куманово, а на самиот почеток го спомна Мики и ја воодушеви публиката.
Повеќе за ова прочитајте тука...