Реклама
Наши ѕвезди

Мики Секуловски беше во „шок“ кога му се случи ова – ЕМОЦИИТЕ БЕА ПОСИЛНИ, одвај издржа (видео)

Кога го слушна своето име, го фрли бројчето и едноставно не можеше да верува што му се случува

Реклама

Се уште не стивнуваат емоциите по спектакуларното финале од „Ѕвездите на Гранд“ што се одржа претходната сабота.

Според гласовите на публиката, победничка беше Шејла Зониќ која триумфираше во шоуто, додека второто и третото место им припаднаа на Македонците – Мики Секуловски и Андријана Петрушовска

Прв во финалето настапи Мики Секуловски кој потоа заврши на високото второ место, додека Андријана пак, настапи последна.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сепак, најнеизвесно и најнапнато беше кога по вториот пресек останаа само шестмина од вкупно дваесет кандидати.

Маркетинг

Тогаш меѓу најдобрите остана и Мелиса Зијадиќ од Македонија, а останатите беа Џула Дрини и Антонија Черкез.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Мики беше единственото машко меѓу најдобрите шестмина, а кога го избраа не можеше да ги сокрие емоциите.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој едноставно не можеше да поверува што се случува, па во микрофонот изјави дека нема да може да ја пее последната песна, по што Поповиќ му порача: „Е ќе пееш“, а потоа додаде, „Тоа и Цеца го вели“.

Премногу возбудена беше и Петрушовска, која беше единствената во финалето од тимот на Александар Милиќ Мили.

Цеца Ражнатовиќ цело време беше со своите кандидати, а Шејла Зониќ кога ја прогласија за победник заплака од среќа.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Во истиот момент и Цеца врисна од среќа, а пресреќни беа и Мики и Андријана кои го освоија второто и третото место.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Од менторите секако дека највозбудена беше Цеца која по финалето истакна дека вакво нешто досега не се случило.

„Никогаш се нема случено во ‘Ѕвездите на Гранд’ еден ментор да ги има првите две места. Притоа, девојката што го освои третото место во натпреварот исто така беше дел од мојот тим на почетокот од сезоната и тогаш Шејла победи во дуелот. Така што може да се каже дека сите три места се мои“, изјави балканската фолк дива во емисијата „Кец на единаесет“ додавајќи дека според неа првите три места навистина ги освоиле најдобрите пејачи во шоуто.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, по шоуто се огласи и Мики кој го освои вицешампионското место бранејќи ги боите на тимот на Цеца.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој за „Гранд.онлајн“ истакна дека е презадоволен од работата со менторката, како и дека таа е во голем дел заслужна за резултатот

„Цеца е прекрасна личност и најдобар ментор во ‘Ѕвездите на Гранд’“, порача Мики по финалето, а на прашањето на Инстаграм кого би избрал за ментор да не беше Цеца, Мики без да размислува одговори:

„Ѓорѓе Давид“.

Инстаграм

Мики исто така откри и дека радо би снимил дуел со Јулија Петровиќ, но и со неговата менторка Цеца Ражнатовиќ.

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button