Реклама
Наши ѕвезди

Мики прв пат искрено за Цеца – пејачот ОТКРИ И ЗОШТО ПЛАЧЕШЕ пред сите: „Не можев да издржам“

Шармантниот Мики Секуловски по освоеното второ место во „Ѕвездите на Гранд“ се почесто го привлекува вниманието и на медиумите од регионот

Реклама

Мики Секуловски беше единствениот маж што годинава успеа да се пасира во суперфиналето на „Ѕвездите на Гранд“.

Тој беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ и заврши на високото второ место, а победничка беше Шејла Зониќ.

Мики за Шејла вели дека заслужено победила бидејќи била една од најдобрите вокалистки во шоуто, но воедно признава и дека воопшто не се надевал дека ќе успее да се пласира во суперфиналето. Како што неколку пати има истакнато во неговите интервјуа по завршувањето на шоуто, за него би било успех да стигне и до самото финале, но ваква популарност, посебно кај публиката во Македонија, и ваков резултат благодарение на истата навистина не очекувал.

Маркетинг

Инстаграм

Но токму затоа тој е и крајно благодарен на сите оние што гласаа и го поддржуваа за време на натпреварот, но и по него.

Маркетинг

Имено, Мики претходната недела беше гостин на првиот концертот на Андријана Петрушовска во нејзиното родно Драчево (види тука), па не крие дека му претставувало вистинско задоволство и чест што настапувал пред толкав број на луѓе. Концертот се одржа кај Крстот и целиот простор беше исполнет до последно место, што секако на овие млади луѓе им претставува дополнителна мотивација да продолжат да го работат она што најдобро го знаат и умеат.

А тоа секако се музиката и пеењето, па така Мики по овој настап за екипата на „Гранд“ откри дека и тој планира да направи голем концерт во неговиот роден град, најверојатно во септември, но и дека работи на нови песни и спотови, па се надева дека и тоа ќе се случи до септември.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Што се однесува до соработката со Цеца, Мики не крие дека е воодушевен од неа и дека за него била најдобар ментор. Како што самиот вели Цеца е извонредна жена и му е мошне драга како личност, па искрено се надева дека и во иднина ќе соработува со неа.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Мики во неговото последно интервју за „Гранд“ откри и зошто се расплакал пред да биде прогласен победникот во шоуто.

„Искрено не очекував дека ќе ги поминам третиот и четвртиот пресек. Мислев ако го поминам првиот ќе биде океј, можеби се гледаше таа трема и тој стрес во мене. Посебно кај последната песна, но преживеавме“, изјави Секуловски, а потоа ги спомна и солзите што ги видоа сите што го гледаа шоуто.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Јас сум човек кој не покажува емоции, но ме удри нешто последните десетина минути, така што не можев да издржам“, вели тој.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Мики по „Ѕвездите на Гранд“ беше гостин во подкастот кај јутуберот Стефан Лазаров каде прв пат зборуваше искрено и за сето она што му се случувало во последните неколку години.

Тој тогаш откри зошто морал да остане во Белгија, но зборуваше и за тешкиот период низ кој што поминувал по смртта на неговиот татко и како решил да се пријави во шоуто.

Повеќе за ова прочитајте тука

Бонус видео

Мики во акција, публиката во транс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button