Мики прв, Андријана последна – неколку нови детали за најгледаното музичко шоу на Балканот!
На Андријана ова не и е прво финале во „Ѕвездите на Гранд“
Оваа дама важи за една од најдобрите пејачки во шоуто
Македонката Андријана Петрушовска покрај тоа што е една од најдобрите пејачки оваа сезона во „Ѕвездите на Гранд“, таа воедно важи и за една од најубавите и најатрактивните дами во популарното шоу.
Впрочем овие квалитети Петрушовска ги имаше и пред две сезони кога исто така беше дел од шоуто, така што на пејачката ова нема да и биде прв пат да се натпреварува во спектакуларното финале.
Но за разлика од претходниот пат кога беше во тимот на Ѓорѓе Давид, Андријана сега е единствената што стигна до финалето од тимот на Александар Милиќ Мили кој не крие колку се гордее со нивниот заеднички успех. Тој воедно неодамна откри и дека подготвуваат вистински спектакл за финалето и дека публиката од Македонија исто така ќе се гордее со пејачката.
Принтскрин/ Гранд
Тие тоа го покажаа и во еден од претходните кругови кога Андријана на сцената се појави со старото македонско знаеме и ги воодушеви сите.
Принтскрин/ Гранд
Таа и претходната сезона со своите сценски настапи никого не оставаше рамнодушен, а како што самата откри неодамна за Гранд.онлајн, инспирација добива од Пинтерест и странските ѕвезди.
@andrijanapetrushovska Драги мои.. Утре 08. Јуни е финалето на Ѕвездите на Гранд. Со гласање може да се започне уште од самиот почеток. Јас настапувам последна.. но ви ветувам одлична забава и спектакл за кој го осмислив јас заедно со мојот ментор @miligramofficial ✌🏼 Ќе ја направам горда мојата Македонија и целиот Балкан. Во следните пресеци може да гласате повторно со истиот број и нови 20 гласа🫶🏻 се гледаме утре 💪🏼💪🏼💪🏼🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Dragi moji.. Sutra, 8. juna, je finale Zvezde Granda. Glasanje se može započeti od samog početka. Nastupam poslednja.. ali obećavam vam odličnu zabavu i spektakl koji sam osmislila zajedno sa svojim mentorom @miligramofficial ✌🏼 Učiniću svoju Makedoniju i ceo Balkan ponosnim. U sledećim odeljcima možete ponovo glasati sa istim brojem i 20 novih glasova🫶🏻 Vidimo se sutra 💪🏼🇷🇸🇧🇦🇭🇷🇲🇪 #zvezdegranda #balkan #fyp #macedonia #serbia #macedonia🇲🇰
„Понекогаш добивам инспирација и сама и тоа ќе го нацртам на хартија“, изјави Андријана која блескаше и во полуфиналето.
Принтскрин/ Гранд
Таа во полуфиналето беше единствена од Македонија што директно се пласираше во финалето, додека Мики Секуловски и Мелиса Зијадиќ добија помалку гласови во дуелите од своите противкандидати и за нив не се знаеше дали ќе поминат до самиот крај.
@andrijanapetrushovska Бура од емоции! Уживајте во мојата изведба на “Јовано Јованке”!❤️🇲🇰 Оваа изведба е одраз на мојата љубов кон традицијата, Македонската песна, народот и мојата Татковина Македонија! Благодарам на сите кои ја препознаа мојата желба да говорам преку музиката, да ширам љубов и ги развеселувам и разнежнувам вашите срца! 💛 Добив безброј пораки и бескрајно сум благодарна за поддршката која ми ја давате и мотивацијата да продолжам и создавам музика која не обединува сите! 🤗 #macedonia #zvezdegranda #foryoupage #balkan #macedonia🇲🇰 #fyp
Но креативниот директор на Гранд, Саша Поповиќ, во полуфиналето направи преседан и реши сите натпреварувачи да одат во финалето каде со гласовите на публиката ќе се избере победникот.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Интересно е и тоа што финалната вечер ќе ја отвори Мики кој ќе има чест прв да настапи, додека последна ќе биде Петрушовска.
Нејзиниот настап во финалето ќе биде нешто поинаку и нешто ново, нешто на што Македонија и ‘Ѕвездите на Гранд’ ќе бидат горди, откри менторот на Андријана за „Гранд.онлајн“, а дали тие заедно навистина ќе успеат да ја изненадат и да ги освојат симпатиите на публиката, останува да видиме.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Потсетуваме, финалето на најгледаното музичко шоу во регионот започнува вечерва, во девет часот, на Сител телевизија.