Реклама
Наши ѕвезди

Мики и Цеца „фатени“ повторно заедно, што се случува? Најголемата ѕвезда на Балканот не го испушта

Мики повторно имаше настап со Цеца, неговата менторка го покани на една приватна забава

Реклама

На социјалните мрежи хит е ново видео на кое се гледа како Мики Секуловски настапува со Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Станува збор за приватна забава на која Цеца се појави во бело од глава до пети и најпрво им ја честиташе венчавката на младенците.

Таа носеше бели панталони и бело сако, а од видеото може да го видиме и Мики на кого Цеца му беше менторка во „Ѕвездите на Гранд“.

Маркетинг

Инстаграм/ Мики Секуловски

Имено, ова не е прв пат Мики да ја има таа чест да и се придружи на неговата менторка на нејзин настап.

Маркетинг

Тој пред неколку недели настапи со неа на нејзиниот последен концерт во Битола, а снимките од овој нивен заеднички настап се уште се вртат на социјалните мрежи. Многумина тогаш коментираа дека било вистинско изненадување кога тие заедно испеаја еден од најголемите хитови на Цеца, а според порталот „Гранд.онлајн“ оваа песна на балканската фолк дива досега никогаш не звучела подобро.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Мики посебно ги воодушеви сите што покажа дека одлично се снаоѓа и со другите музички жанрови, а воопшто не се сомневаме дека подеднаква енергија и набој од емоции имало и овој пат.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Мики Секуловски

Инаку, Мики и само неколку дена претходно објави фотографија на која е со Цеца изразувајќи и на овој начин благодарност.

Таа му беше менторка во „Ѕвездите на Гранд“ кога Мики успеа да го освои високото второ место и сите да ги воодушеви.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Тој не крие дека е пресреќен што има можност да соработува со една од најголемите ѕвезди на Балканот, а во една пригода откри и дека со задоволство би снимил дует со неа.

Инстаграм/ Мики Секуловски

„На мене ќе ми биде драго доколку се направи нешто со моето и нејзиното пеење и ако прифати навистина ќе ми биде задоволство“, изјави за „Гранд“ Мики Секуловски по настапот со Цеца во Битола.

Бонус видео

Инстаграм/ Мики Секуловски

Мики и Цеца во Битола

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button