Мики и Цеца заедно? Пејачот ги изненади сите, публиката воодушевена – не сте ги виделе во вакво издание
Вечер што нема да се заборави
Тие пееја заедно и во емисијата на Цеца
Оваа година во „Ѕвездите на Гранд“ тројца од Македонија беа во финалето, а двајца од нив беа од тимот на Цеца Ражнатовиќ.
Покрај Мики Секуловски кој го освои второто место, во тимот на Цеца беше и Мелиса Зијадиќ од прилепското село Лажани која го освои петтото место, додека третопласираната Андријана Петрушовска беше во тимот на Александар Милиќ Мили.
Мики уште пред самото финале беше гостин во емисијата на неговата менторка „Цеца шоу“ кога имаа заеднички настап пред камерите. Тој тогаш во интервју за Гранд.онлајн истакна дека за Цеца има само позитивно мислење и дека е изненаден од нејзиното пријателско однесување кон него, но и кон сите останати кандидати, а запрашан од страна на новинарите дали би сакал да биде гостин и на некој од нејзините следни концерти, Мики тогаш изјави:
„Дај боже, не знам. Тоа едноставно за мене е голема чест. Знаете сите кој е Цеца, што е таа на овие пристори, така што ако ми се пружи прилика да бидам гостин на нејзин концерт, ќе ми биде чест и задоволство“, изјави тогаш Мики Секуловски за „Гранд.онлајн“.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Најинтересно е тоа што Мики навистина имаше заеднички настап со неговата менторка, а сега покажа и детали од истиот.
Имено, тој сподели неколку видеа од нивниот заеднички настап од кои може да видиме дека направија одлична забава.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Станува збор за концертот на Цеца во Битола кој беше на 18 јули, а на кој Мики се појави како специјален гостин.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Потсетуваме, Мики овој викенд во склоп на Културното лето во Велес ќе одржи голем концерт во својот роден град,
Инстаграм/ Мики Секуловски
Концертот е закажан за 21 јули, а гости на концертот е му бидат Лина Пејовска, Андријана Петрушовска и Омар Џаферовски.