Мики заради семејни проблеми живееше далеку од дома – пејачот се врати и сега сите го обожаваат
Со својот талент растура секогаш кога ќе се појави на сцената и едноставно нема конкуренција, а неговата менторка е пресреќна што го има во својот тим
Мики повторно во центарот на вниманието
Велешанецот Мики Секуловски е еден од најголемите фаворити за финалето во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
Тој со своите настапи ги воодушевуваше сите, а неговата менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ никогаш не го криела воодушевувањето што има еден ваков генијален кандидат во својот тим.
Таа тоа го истакна уште по првиот настап на Мики кога отворено изјави дека за ништо на светот не би го менувала.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Пејачката од тогаш по секој настап на Мики излегува на сцената и ги гушка од среќа, а еднаш тоа го направи и боса.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Од друга страна и Мики не крие дека е воодушевен од Цеца, од нејзиниот однос и како се грижи за кандидатите.
Тој во една од претходните емисии откри и дека пред да се пријави во шоуто живеел неколку години во Белгија, каде работел како келнер, но отворено зборуваше и за својот емотивен статус.
Принтскрин/ Јутјуб, The Voice van Vlaanderen
„Не сум оженет, немам девојка. Најверојатно се уште ја немам најдено онаа вистинската. Имав некои семејни проблеми и останав во Белгија пет години, бидејќи едноставно морав да останам. Но се вратив и одлучив да се пробам во Ѕвездите на Гранд и да живеам во Македонија“ изјави тогаш Мики за „Гранд“, а ако го земеме во предвид и неговиот досегашен успех во шоуто, повеќе од очигледно е дека го направил вистинскиот избор.
Како звучеше Мики во своите најдобри настапи, во „Ѕвездите на Гранд“, но и во едно популарно музичко шоу во Белгија, погледнете во продолжение…