Реклама
Наши ѕвезди

Мики ги изненади сите кога настапи со Цеца, а сега повторно воодушеви – ова ќе ги стопи дамите

Еве како изгледа кога Мики Секуловски ќе засвири на гитара

Реклама

Пејачот ги воодушеви своите фанови

Мики Секуловски кој го освои второто место во „Ѕвездите на Гранд“ не престанува да ги воодушевува своите бројни фанови.

Пејачот кој со својот неверојатен талент ги освои сите уште со првото појавување на сцената, со својата верна публика редовно комуницира преку профилот на социјалните мрежи, а сега ги изненади сите.

Маркетинг

Имено, Мики сподели видео снимено додека тој во опуштена атмосфера свири на гитара и им пее на оние што се покрај него.

Маркетинг
Инстаграм/ Мики Секуловски

Пејачот очигледно реши да им се претстави на своите фанови во малку поинакво светло, кои пак беа воодушевени од ова негово издание.

Тој свиреше на гитарата и пееше од душа, а како сето тоа изгледаше погледнете од видеото во продолжение…

Инстаграм/ Мики Секуловски

Потсетуваме, Мики неодамна одржа одличен концерт во својот роден град за кој се уште се зборува.

На неговиот настап имаше илјадници луѓе како од Велес, така и од другите градови кои дојдоа да ја гледаат својата омилена ѕвезда.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Тој по огромниот успех во „Ѕвездите на Гранд“ доживеа неверојатна популарност, а како што самиот откри неодамна, во моментов најважна му е љубовта што ја добива од публиката.

„Ми беше големо задоволство како народот ме дочека и ми беше чест и задоволство да пеам за нив. Во план ми е својата нова песна да ја промовирам на почетокот од септември. Имам неколку понуди од различни автори, така што ми треба малку време да одлучам која песна да ја снимам“, изјави Мики по концертот во Велес за „Гранд.онлајн“ кои му беа гости.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Публиката тогаш беше воодушевена од него и носеше маички со неговото име и презиме, а како сето тоа изгледаше, потсетете се тука.

Бонус видео

Инстаграм/ Мики Секуловски

Настапот на Мики со Цеца

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button