Реклама
Наши ѕвезди

Мики беше пресреќен, ова не го очекуваше од неа – ќе се изненадите што му кажа во лице познатата пејачка

Еве зошто Мики е еден од најдобрите што некогаш се појавиле во „Ѕвездите на Гранд“

Реклама

Шармантниот пејач од Велес, Мики Секуловски (36), ги воодушеви сите со своите генијални настапи во „Ѕвездите на Гранд“ и веќе важи за еден од потенцијалните победници во шоуто.

Уште од самиот почеток многумина го споредуваат со Исак Шабановиќ, кој исто така со едно појавување во шоуто стана голема ѕвезда.

Мики многумина во нашата земја го паметат и по Македонскиот идол каде беше еден од најмаркантните натпреварувачи, а неговите маестрални изведби во тогашното шоу со години се вртеа на социјалните мрежи. По учеството во ова музичко талент-шоу, тој почна да работи на својата музичка кариера, а потоа замина во Белгија од каде што неодамна се врати и репи да се пријави во шоуто.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И не само што не погреши што го направи тоа, туку со својот талент ги воодушеви сите и сега за него се зборува на целиот Балкан.

Маркетинг

По неговиот последен настап кога буквално растури на грандиозната сцена и ги воодушеви сите, доби и коментар од Марија Шерифовиќ каков таа досега најверојатно никому му го нема дадено.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Еве што му порача таа по неговиот настап:

„Не знам дали некој со мене ќе се согласи, но и не сум некоја личност која што тоа лудо го интересира. Тука досега биле неколку рокенрол изведувачи што оставиле некаков траг, Исак, Ханад, Јосифовски…“

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Ти досега, кога е таа музика во прашање, далеку си најдобар. Среќно“, му порача Шерифовиќ на Мики, а потоа го додаде и следново:

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Но тоа воопшто не е лесно, а јас не се сомневам дека на крај лесно ќе излезеш со тоа“, беше искрена Марија.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како изгледаше овој генијален настап на Мики со кој ги освои сите, погледнете во продолжение…

Инаку, Мики по коментарот на Шерифовиќ ѝ се заблагодари и ѝ порача дека новиот албум ѝ е супер, а по шоуто јавно преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите што го поддржувале.

Бонус галерија

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Цеца и Ѓорѓе мораа да му честитаат на Мики

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button