Реклама
Вирално

Миа распали по насилничките што брутално претепаа малолетна девојка во центарот на Скопје (видео)

Видеото во кое се гледа како малолетно девојче е нападнато од врснички ја потресе целокупната јавност

Реклама

Инфлуенсерката Миа Костова никого не остава рамнодушен со своите објави на социјалните мрежи.

И кога тоа не се нејзините инспиративни модни приказни во прашање, Миа знае како да предизвика лавина од коментари со своите постови на одредени теми, а така беше и со една од нејзините последни објави. Имено, Миа сега привлече внимание со нејзиниот пост за страшното видео што се појави деновиве на социјалните мрежи.

Станува зор за видеото во кое две млади девојчиња тепаат некое друго девојче, а кое деновиве ги шокираше сите.

Маркетинг

Принтскрин/ Инстаграм, Миа Костова

„Баш убаво! Многу примерно и многу зборува за вашите дома, мајмунки едни! Баш чекам ако има некој близок до девојчињава да ми јави кога ќе има соодветна разврска на случајот и дали во најмала рака мангупките што тепаат ќе добијат соодветен укор како испис или паѓање година? Ништо помалку не е прифатливо. А да, и една озбилна парична казна за родителот да мора кредит да крене“, напиша Миа во коментар на постот во кој беше објавено застрашувачкото видео што ги шокираше сите, а во кое две девојки претепуваат нивна врсничка.

Маркетинг

Потсетуваме, пред неколку дена на социјалните мрежи „исплива“ видео на кое се гледа како две девојки претепуваат 15 годишно девојче кое учи во едно од средните училишта во центарот на Скопје.

Принтскрин/ Фејсбук, Миа Костова

Откако било претепано девојчето одвај пристигнало до гимназијата каде од здобиените повреди паднало пред обезбедувањето, по што веднаш биле повикани нејзините родители.

Вознемирувачката снимка што беше објавена на Јутјуб каналот на „Слободен печат“ беше снимена од ученици кои во тој момент се нашле на местото каде што се случил инцидент.

Трогателно е и тоа што повеќето од учениците што беа во близина навиваа или се потсмеваа, што може јасно да се слушне и од видеото споделено на Јутјуб кое што ги шокираше сите.

Како што пренесуваат медиумите, случајот бил пријавен во полиција, по што започна постапка од ОЈО за нападот.

Според извештајот на МВР, во петокот, на февруари во 18.20 часот во СВР Скопје В.И.(45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button