Миа Костова потполно искрена за она што и значи најмногу во животот – ЕМОТИВНАТА ПОРАКА ги воодушеви нејзините фанови
Со емотивна порака, македонската водителка и инфлуенсерка искажа благодарност до оние кои ѝ се најголема поддршка.
Миа Костова е девојката која македонската јавност ја запозна како водителка.
Својата кариера ја започна уште додека беше релативно млада, а тогашната генерација со нетрпение ја чекаше секоја нова емисија на “99 Екшн”, во чиј тим беше и Миа.
Со текот на годините напредуваше и работеше на многу проекти, а последна емисија каде што ја гледавме како водител беше Бекстејџ.
По извесно време одлучи да напраи пауза од малите екрани. Но, тоа не значи дека целосно се откажа од јавната професија.
Таа си најде начин на заработка кој нејзе ѝ одговара многу повеќе. Миа е доста активна на социјалните мрежи, кои ѝ служат за себепромоција, но и за заработка.
„Колку и да изгледа лесно и симпатично, ако веќе навистина имаш инфлуенс врз луѓето тогаш значи многу работа, посветеност, внимавање и активност константна.
Иако сеуште во Македонија не сме до ниво кое го добиваат инфлуенсерите низ Европа па и Белград и Загреб, сепак се трудиме. Некои повеќе некои помалку, секој со својот стил и начин.
Инспирација наоѓам во среќата на Андрија, во тоа дека сум хедонист по природа иако не сум нескромна. Испирација ми е секој успех на инста и вртоглава бројка на продадени производи кои сум ги објавила“, изјави Mиа во интервју за „Гламур“.
Костова важи за жена без влакна на јазикот, искрена и секогаш отворена. Таа никогаш досега не ја криела својата ексуалност.
Јавно призна дека е бисексуалец, а некои нејзини врски беа добро познати на јавноста.
Она што може да се забележи од објавите на нејзините социјални мрежи е тоа дека младата Тијана Скулиќ е нејзина најголема поддршка.
Изгледа дека тие две повеќе не ја кријат љубовта, па водителката често споделува нивни заеднички фотографии на кои се гледа и страста помеѓу нив.
Водителката често знае да напише и емотивни пораки за Тијана, за која вели дека таа ја држи воживот што и да се случи.
Пред завршувањето на оваа 2021 година, за која Миа вели дека била нејзина година, одлучи да напише кратка, но емотивна порака за своите фанови, како благодарност за постојаната поддршка.
„Ви благодарам за лајвот и цела измината година. Без вас јас не би била тоа што сум денес.
Ви благодарам на сите вас што сте тука подолго а и на вас што сте ‘тазе’. Верувам дека нема да ви е досадно.
Благодарам на сите негативности поврзани со моето име кои исто така ме истуркаа на место каде што мислев дека нема да сум никогаш.
2021 можеби сепак беше моја година“, напиша Миа.
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова