Реклама
CelebrityИнтервју

Миа Костова: „Знаев дека ќе го поминам Корона вирусот без силни симптоми, сепак сум млада и барем до сега здрава“

Реклама

Таа важи за девојка која секогаш отворено зборува на секоја тема. Вели дека во последно време најудобно се чувствува во тренерки и патики. Нашата позната водителка и инфлуенсерка Миа Костова неодамна го прележа корона вирусот. За тоа како се чувстваше додека беше во изолација, какви симптоми имаше и за тоа како се живее од инфлуенсерство во Македонија прочитајте во продолжение…

Што значи да си инфлуенсер во Македонија?

Колку и да изгледа лесно и симпатично, ако веќе навистина имаш инфлуенс врз луѓето тогаш значи многу работа, посветеност, внимавање и активност константна. Иако сеуште во Македонија не сме до ниво кое го добиваат инфлуенсерите низ Европа па и Белград и Загреб, сепак се трудиме. Некои повеќе некои помалку, секој со својот стил и начин. 

Што најмногу те инспирира?

Инспирација наоѓам во среќата на Андрија, во тоа дека сум хедонист по природа иако не сум нескромна. Испирација ми е секој успех на инста и вртоглава бројка на продадени производи кои сум ги објавила. 

Маркетинг

Има ли некој посебен дел од денот кој ти е најинспиративен?

Па не сум утрински човек и мразам кога наутро се брзам. Ако е се натенане, функционирам сосема ок после 12 на пладне иако не сум спанка и станувам пред 9. 

Миа неодамна го прележа корона вирусот, што се случи кога дозна дека си позитивна на овој нов вирус што предизвика пандемија во целиот Свет?

Ништо посебно. Чувството не е пријатно, но знаев дека ќе го поминам и дека нема да имам силни симптоми, сепак сум млада и барем до сега здрава. Не бев во некоја паника а и не се чувствував многу лошо за да се плашам.

Маркетинг

Стравуваше ли дека овој вирус може да биде многу опасен за тебе?

Во ниту еден момент. 

Како се справи со болеста, какви симптоми имаше и колку време беше потребно за опоравување?

Два дена нелагодност како болки во тело и максимална температура од 37.5, губење на чувство за мирис и вкус речиси 10 дена, и изнемоштеност и умор што трае можеби еден месец. 

Како се чувствуваш сега?

Како да не било ништо. 

Што те прави среќна и исполнета?

Се она и што ме инспирира. Успесите на Андрија, неговата насмевка, луѓето околу мене, море, ручеци со вино, работата на инстаграм….

Може ли во Македонија да се живее од инфлуенсерство?

Јас во последните речиси две години живеам само од инстаграм, и можам да кажам дека никогаш не сум била позадоволна како финансиски така и од она што работата предизвикува кај мене. Го уживам секој момент на сликање, снимање и реклама. И сфаќам дека има вистина во тоа, најди ја работата што ја сакаш и нема да треба работиш ниту еден ден. 

Каде се прават најлудите фотографии? 

Некогаш тоа е пред зграда, некогаш тоа е на одмор на некое преубаво место. Често кога одам низ град било каде забележувам симпатични локации… Нема правила. Излегуваат супер фотки на места кои се ‘на брзинка, немам време морам да постирам’ . 

Бјути рутина која редовно ја применувате?

Многу водам грижа за лицето. Освен што во Мејфер редовно правам третмани за хидратација и потхранување, правам и прх третмани кај Биби, најважно од се е дека чистењето длабинско на лицето дома, маските и квалитетната козметика не ги прерипувам ни кога сум мртва уморна. 

Кое е твоето омилено парче облека од плакарот? 

Во последно време се тренерки и патики во комбинација со капути.

Во што се чувствуваш најудобно? 

Во патики и тренерки.

Омилено телевизиско лице?

Телевизија немам гледано 3 години. Мислам дека ќе го задржам тој тренд.

Која работа никогаш не сте ја направиле, а сте сакале?

Да се преселам од Македонија некаде на море. 

Која лоша навика сте успеале да ја победите?

Прејадување до повисоки килажи, и ден денес знам да се поправам но се трудам да не се повеќе од 3-4 килограми .

Може ли наскоро повторно да ја видиме Миа на телевизиските екрани?

Не велам не, но за сега немам ни време ми желба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button