Поранешната водителка покажа дека соседите и се „заканиле“, а таа остро им возврати.
Миа Костова е девојката која македонската јавност ја запозна како водителка на „Бекстејџ“, но многумина знаат дека таа секогаш го кажува она што го мисли.
Сепак таа реши да се повлече од малите екрани и стана инфлуенсерка, па се чини тоа и појде од рака.
Миа секојдневно е активна на социјалните мрежи, често рекламира најразлични брендови и производи, но често споделува и приватни видеа и фотографии.
Овојпат таа сподели фотографија од порака која ја добила од соседите, односно и била залепена на влезната врата, па жестоко им одговори.
-Домашно милениче НЕ се остава само дома, да лае и квичи цел ден. Полуде сирото кутре, а не полуде и нас станарите. Уште еднаш ако се случи ќе бидете пријавени за негрижа на миленикот.
П. С Прочитајте го куќниот ред-гласеше пораката која Миа ја доби, па веднаш им одговори:
„Вака сега комшија, следен пат кога ќе се заканиш после 7 месеци тишина, земи во обзир дека постојат и итни работи, а кучето е на топло и со храна и вода, не е оставено во негрижа, носено е секаде каде што сме оделе години наназад! Може некогаш и за дете да се работи.
Размисли следно кога ќе ме видиш во влез нема да ти е пријатно!“ напиша Миа, па додаде:
„И без зaкани, во Македонија живееме, лошо од комшилукот немаш видено, не се лигаво. Пренесете на комшијата со лош ракопис!“ напиша Миа.
Костова важи за жена без влакна на јазикот, искрена и секогаш отворена.
Миа со својот турбулентен живот секогаш била во центарот на вниманието.
Миа е една од ретките кај нас, која нема проблем да каже дека има cиликони или дека го затегнува лицето со филери.
Јавно се пофали дека ставила имплaнти во гpaдите и дека едвај чека да облече маичка без гraдник и да се прошета со новото декoлте.