Вести

Метеоролозите со најнови прогнози – Повторно снег во Македонија!

Advertisement

Утре и во среда по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од утре попладне до четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток во попладневните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

Advertisement

Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.

Времето утре претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд, велат од УХМР.

Во Македонија во следните денови ќе имаме многу променливо и значително постудено време. Ќе бидеме и под влијание на влажен воздушен бран од запад и од југозапад и истиот ќе условува повремени локални врнежи од дожд на пониските места (градовите), додека на планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.

Поради понатамошно спуштање на студена воздушна маса од север, во четврток попладне и во вечерните часови врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри, особено во западните и во северните предели од државава.

Тогаш ќе дојде до формирање на нова снежна покривка на планините и на повисоките места, а мала снежна покривка можно е да се формира понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.

Во четврток попладне и навечер ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено Долж Повардарието.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, односно значително постудено со локален дожд, а на околните планини особено во четврток попладне и навечер ќе има врнежи од снег.

Тогаш можно е провејување на снег и во повисоките предели од котлината, кога ќе дува и засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, а од петок тие на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, објави Славчо Попоски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button