Реклама
ВиралноНовости

Нови врнежи на снег вечерва: Утре Македонија ќе биде “под мраз”- правила како да возите на голомразица, ова може да ви го спаси животот!

Предупредување з анови врнежи од снег и појава на голомразица...

Реклама

Од утре па до крајот на неделата се очекуваат врнежи на снег и голомразица.

фото илустрација

Се советува посебна внимателност при возење поради снег на одредени патни правци, особено во ридско-планинските предели, имајќи предвид дека заедно во некои делови од Македонија ќе има голомразица.

Маркетинг

фото илустрација

Ухмр за утре, најави облачно време, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови.

Маркетинг

Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието.

фото илустрација

Во Скопје облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, соопштуваат од УХМР.

А кога замрзнат дожд го покрива патот и создава мраз, како што објаснуваат сообраќајните експерти, се појавуваат услови кога зимските гуми не помагаат многу.

фото илустрација

– Првиот и основен совет кога има мраз на патот е едноставно да не возите. Доколку веќе сте на пат, основниот совет е да возите полека и да внимавате, почитувајќи ги сите знаци и држејќи голема оддалеченост од возилото пред вас – велат сообраќајните експерти.

фото илустрација

– За да спречите лизгање, треба да започнете полека и постепено да забрзувате. Ако тркалата се лизнат или автомобилот се заглави во снегот, треба да тргнете од втората брзина бидејќи тоа ја намалува силата што делува на тркалата и ја зголемува возната моќ. Ако автомобилот има автоматски менувач, треба да го вклучите зимскиот режим – советуваат сообраќајните експерти.

фото илустрација

Значи, што е потребно да направите пред да тргнете на дестинација каде што е многу сигурно дека на патот ве чека снег, под претпоставка дека вашето возило е веќе опремено со она што Законот за безбедност во сообраќајот го пропишува како „задолжителна зимска опрема“, имено зимски гуми, синџири или „чорапи за гуми“ и на крај, ако сте зад воланот на камион, лопата.

фото илустрација

За почеток, добро исчистете го автомобилот, не само прозорците, туку и покривот. Додека возите, тој снег може да се лизне од покривот, што доведува до намалена видливост, а тоа може да се случи во клучен момент.

фото илустрација

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button