Метеоролозите најавуваат драстична промена на времето! Студот и снегот доаѓаат и на Балканот

Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот.
Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата, соопшти УХМР.

фото Пекселс
На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник.
Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.
Минималната утринска температура ќе се спушти до два степена, максималната дневна за викендот ќе достигне до 29, а во наредните денови до 25 степени.

фото Пекселс
Метеорологот Славчо Попоски најавува дека поларниот вртлог кој следната седмица ќе се спушти на Балканот ќе го донесе првиот снег на планините, особено во Словенија, Хрватска и во Босна и Херцеговина.
-Се работи за поинтензивни врнежи од снег (локално над 40 – 50 цм). Да напоменеме дека снежната граница може да се спушти и до 1000 па и под 1000 м.н.в.
Поголем дел од Европскиот Континент од недела ќе биде погоден од многу студен воздух кој се спушта од Арктикот и истиот ќе услови дури и снежни врнежи. Снег дури се очекува понекаде и на пониските места.

фото Пекселс
Од ова прво спуштање на поларниот вртлог ќе бидат зафатени и земјите од Балканот, особено Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина каде не се исклучува појавата и на првите мразени и на слана веќе од недела па натаму.
Освен ова, од средината на следната седмица ќе пристигне и првиот поинтензивен снег и снежна покривка, особено на планините.
Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и на надморска височина од околу, па дури и под 1000 метри.

фото Пекселс
Локално на планините ќе наврне многу снег (над 50 цм).
Овој студен бран малку ќе се почувствува во Македонија, и тоа во текот на ноќта недела кон понеделник и ќе биде проследен со северен ветер, како и со локален дожд.
Се на се летото во срцето на есента ќе биде заменето со вистинска зима ширум стариот континент и на Балканот, но не и во Македонија.

фото Пекселс
Не се исклучува можноста првите снегулки на планините на Балканот да започнат веќе од недела.
И хрватските медиуми веќе пишуваат дека од лето директно ќе преминат во зима.
Следат бурни ветрови, обилни врнежи од дожд, и снег на планините.
Метеоролозите наведуваат дека недела носи голема промена, бидејќи студен фронт ќе се приближи од северозападот на Европа. Кон крајот на неделата и ноќта кон понеделник, врнежите од дожд ќе преминат во снег на планините.

фото Пекселс
Температурите на места во внатрешноста ќе бидат пониски за десет степени. Ќе залади и на Јадранот, невремето најпрво ќе дува во северниот дел, во текот на ноќта најмногу ќе се прошири во поголем дел од Јадранот.




