Место во поранешна Југославија каде што ќе го најдете АЛПСКОТО БОЖИЌНО СЕЛО на Дедо Мраз (фото)
Одлична идеја за нашите авантуристи
Доколку сте расположени за авантура и оваа зима сакате да го посетите селото на Дедо Мраз, не морате да одите до Финска.
Имено, на едно многу поблиску место од далечниот север, во земја во која има и многу напи иселеници, можете да најдете исто такво село и да уживате во неверојатната зимска идила.
Станува збор за Крањска Гора во Словенија која е позната како мал, но симпатичен зимски ски центар во оваа земја. Тука снежната покривка е дебела и по неколку метри така што го претвора самото место во вистинска зимска идила, посебно за време на божиќните и новогодишните празници.
Фото: Инстаграм/ Ева Грегорињ
Изгледа магично, а малата црквичка на главниот плоштад како и старите куќи со традиционален дизајн кои се целосно украсени во овој период од годината, потоа големиот број Дедо Мразовци, големи санки и негови помошници што ќе ги сретнете на секој чекор, допринесуваат ова место да стекне репутација на алпско божиќно село.
Како сето тоа изгледа, погледнете во продолжение…