Реклама
Наши ѕвезди

Мерјем Узерли признава: „Би глумела во серија макар и само за сладолед“

Реклама

Популарната турска актерка Мерјем Узерли, која се прослави по улогата на султанката Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“ и натаму не престанува да ја заинтригира јавноста. Од серијата си замина поради проблем со депресијата и љубовниот крах со тогашното момче, Кан Атес, кој барал од неа да абортира.

Атрактивната актерка со германско потекло тогаш се повлече од јавноста и сега во Берлин ужива со петгодишната ќерка Лара. Иако улогата на Хурем тешко дека некогаш ќе ја надмине, Мерјем во интервју за магазинот „ТВ Новели“ откри зошто исчезнала од малите екрани, но и зошто би глумела за – сладолед.

„Би глумела во серија дури и за замена за сладолед, но важно е приказната целосно да ме освои. Не паѓам на големи цифри. Залудно добра плата ако не верувам во проектот“, признава таа, коментирајќи ги притоа критиките дека ја нема на малите екрани зошто за ангажманот – бара премногу пари.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/CANwzWYAnYz/?utm_source=ig_embed

Наведениот магазин пишува и дека пред пандемијата се појавија гласини дека Мерјем би требало да соработува со четири години помладиот актер Чаглар Ертуглар кој неодамна играше во турската серија „Фазилет и нејзините сестри“. Токму тој бил оној кој барал партнерка да му биде Мерјем, зошто тврди, дека долго имал желба да соработува со него.

Маркетинг

Но, светските медиуми тврдат дека меѓу двајцата актери има нешто повеќе од деловен однос. Поточно, тврдат дека актерот ставил крај на врската со костимографката Кајла Мунукјан и дека во последно време е во контакт со Мерјем.

https://www.instagram.com/p/B_QDr9GJoHp/?utm_source=ig_embed

„Мерјем е негова платонска љубов откако се појави на турските мали екрани, а го освои со тоа што во тоа врем воопшто добро не говореше турски јазик кога се појави во својот прв проект. Тој тогаш често се шегуваше дека би сакал да ја подочува турски и дека би сакал таа него да го научи германски јазик. Отсекогаш говореше дека сака да ја запознае, а тоа неодамна му се оствари. Остана маѓепсан од нејзината убавина и смисла за хумор, вели добро упатен извор.

https://www.instagram.com/p/B8wDpxnoQg4/?utm_source=ig_embed

Инаку, 36-годишната актерка се прослави по улогата на Хурем Султанката, но мораше да ја напушти серијата поради проблеми со депресијата. Отпосле се дозна дека длабоко патеше поради прекинувањето на односот со Кан Атес со кој остана бремена.

Турскиот бизнисмен кога Мерјем му соопшти за бременоста, нагло го смени однесувањето, ја отфрли и ја тераше да абортира. Актерката после се одлучи да му се посвети на мајчинството и моментално со петгодишната ќеркичка живее во Германија.

https://www.instagram.com/p/B6c3OwyIeo2/?utm_source=ig_embed

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button