Мерјем Узерли на летување во Хрватска – погледнете како султанката Хурем се забавува на најубавото место на Јадранското море
Како самохрана мајка во моментов живее во Берлин
Познатата турска актерка Мерјем Узерли која се прослави со улогата на султанката Хурем во „Сулеман величествениот“ деновиве си ги полни батериите во Дубровник од каде објави фотографија на социјалните мрежи. „Знаете што: мојата прабаба е од Хрватска“ – напиша покрај фотографијата од Дубровник познатата 34 годишна манекенка.
https://www.instagram.com/p/BlItRfIgPEg/?utm_source=ig_embed
Таа серијата со која се прослави ја напушти поради здравствени проблеми, а во моментот како самохрана мајка живее во родниот Берлин, каде со помош на родителите ја чува ќерката Лара.
https://www.instagram.com/p/BlJagJlAs4n/?utm_source=ig_embed
Инаку, една од пријателките која што ужива заедно со неа на ова прекрасно патување е и познатата турска водителка Назли Селик која на Инстаграм ја следат повеќе од 680 илјади луѓе. Сепак, Узерли има многу повеќе …
https://www.instagram.com/p/BkNfi9Mgr-w/?utm_source=ig_embed
Таа своите обожаватели ги изненади и неодамна, кога во непрепознатливо издание се појави на филмскиот фестивал во Кан во друштво на многу познати личности.
https://www.instagram.com/p/Bi40kEvAPA0/?utm_source=ig_embed
Сепак, за неа драматичните времиња се минато, а денес го живее животот со полни гради заедно со нејзината ќерка Лара. Тоа можеме да го забележиме и од овие фотографии на кои со пријателките максимално ужива во Дубровник, градот во кој живеела и нејзината прабаба.
https://www.instagram.com/p/BiwXzHPAEhW/?taken-by=meryemuzerlimeryem
https://www.instagram.com/p/BjehQMdgdSU/?taken-by=meryemuzerlimeryem
https://www.instagram.com/p/BjuwSElgTTt/?taken-by=meryemuzerlimeryem
https://www.instagram.com/p/Bj6xvClA_GN/?taken-by=meryemuzerlimeryem