Реклама
Рецепти

Мармалад од сливи со коj палачинките ќе ви станат омилен десерт

Реклама

Според рецептот на нашите баби

Мармаладот од сливи на многумина им е омилен овошен намаз кој намачкан на парче леб или на палачинки може да биде одличен десерт или оброк. Добриот стар рецепт од баба овој пат го збогатуваме со една мирисна состојка која потсетува на есен, колачиња и Џек Спароу – рум!

Маркетинг

Состојки

1 кг сливи
500 г шеќер (или според вкус)
30 – 50 мл рум (или според вкус)

Маркетинг

Откако ќе ги измиете сливите и ќе им ги извадите семките ставете ги во лонец или тенџере со подебело дно и на средно загреана рингла. Во оваа фаза потребно е да ги мешате сливите за да не се залепат за површината на лонецот. Тие наскоро ќе почнат да пуштаат сок и тогаш мешајте ги повремено продолжете да ги варите на тивок или среден оган. Важно е смесата полека и постојано да врие.

Шеќерот ќе го додадете кога сливите ќе се распаднат потполно. Потоа продолжете со варењето се додека течноста од сливите не испари, а мармаладот треба да стане густ.

Фото: Cukar

Тогаш додадете и рум – 30 или 50 мл. Потоа поварете уште една минута или две, се додека не испари алкохолот и да остане само фин мирис.

Проверка дали мармаладот е готов

Ставете една лажичка мармалад во тацна и почекајте да се излади. Откако ќе се излади ако не е во течна состојба, туку е густ, и забавено се разлева, тогаш е готов.

Како да го пакувате

Измијте ги добро теглите и капаците.

Вклучете ја рерната на 100 степени (по можност и опцијата – вентилатор) и мокрите тегли и капаците ставете ги во рерната. Таму треба да ги оставите околу 20 минути – на овој начин ќе се исушат и дезинфицираат. Потоа жешкиот мармалад ставете го во теглите и веднаш затворете цврсто. Теглите оставете ги во загреана, но исклучена рерна се додека не се изладат.

Потоа складирајте ги на суво и темни место, а откако ќе ги отворите мармаладот држете го во фрижидер се додека целосно не го изедете.

Совет

Проверете дали ви е доволно или премалку благо така што ќе извадите малку од мармаладот на тацна или чинија, ќе почекате да се излади и ќе го пробате. На овој начин можете да ставите онолку шеќер колку што сакате и да проверите дали мармаладот има вкус што ви се допаѓа.

Па, пријатен апетит!

Повеќе рецепти побарајте на блогот Sweetheart.

Поврзано

Back to top button