Реклама
Вирално

Мерките во Шпанија, Германија, Италија и Британија се укинуваат постепено, еве како ќе изгледа тоа

Реклама

Во Шпанија минатата недела владата усвои план за ублажување на рестиктивните мерки. Целта на земјата е до крајот на јуни да воведе таканаречена нова нормала – живот со вирусот. Тргна нултата фаза, а од проценките ќе зависи дали Шпанците ќе можат да преминат во следната фаза.

Од пред недела дена конечно децата може да се слушнат на улица, тие по 40 дена првпат излегоа, а од пред неколку дена возрасните можат да излезат да прошетаат или да се занимаваат со спорт по еден час дневно, направен е прецизен план кога кој може да излезе и да се движи, но за секој возраст ограничувањето е на еден час.

Првиот ден од фазата за излегување од карантин од Италија се почитуваа пропишаните мерки. Наместо градски превоз, многумина користеа велосипед.

Маркетинг

– Повеќе од нив се плашат дека во градскиот превоз повторно можат да се заразат од вирусот. Четири милиони Италијанци се вратија на работа, но многумина од нив не знаеја кому да им ги остават децата, зошто градинките и училиштата нема да работат се до септември. Во Рим парковите се надгледувани со дронови, полицијата си следи луѓето на секој чекор, луѓето по неколку пати дневно слушаат хеликоптери, јавуваат медиумите за ситуацијата во Италија.

Фризерските салони и услужните дејности почнаа да работат и во Германија. Утре се отвораат детските игралишта и зоолошките градини. Канцеларката Ангела Меркел со премиерите на покраините разгледува дали да се укине забраната за контакти на повеќе од две лица на јавно место или само да биде ублажена.

Маркетинг

Забраната на големи собири ќе биде на сила се до крајот на август , така што на пример, со тоа што натпреварите од Бундеслигата ќе почнат од 15. мај, ќе се играат без публика на стадионите. Што се однесува до кафулињата и рестораните дури од следната недела постепено ќе бидат отворени во Германија.

Велика Британија пред 27. мај нема да ги попушти мерките. Доколку денеска би се отвориле пабовите, според истражување спроведено во земјата, дури 60 отсто од анкетираните Британци рекле дека – не помислуваат да одат.

Што се однесува до малите и средни претпријатија, тие во четврток ќе имаат малку појасна слика како нивниот живот и новите регулативи ќе изгледаат. Кон крајот на мај се насетува отворањето на земјата. Еден ланец киносали во Британија има намера да отвори кон средината на јули. Тоа важи и за авиосообраќајот.

Директорката на Европскиот центар за контрола и превенција на заболувањата неодамна изјави дека Велика Британија е една од петте европски држави која допрва треба да го достигне пикот на епидемијата на коронавирус.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button