Мелани Тарчуловска танцуваше како латино девојка – со нејзиниот танц ги воодушеви своите фанови
Младата македонска пејачка ги покажа своите одлични танцувачки способности.

Мелани танцуваше заедно со професионален латино танцувач и покажа што умее.
Ќерката на популарниот македонски пар, Јохан и Соња Тарчуловски тргна по стапките на својата мајка и веќе на големо ја гради својата музичка кариера.

Мелани ги поседува сите предиспозиции да стане голема ѕведа, а веќе е на чекор до тоа.
Уште од многу мала учествува во музички натпревари и освојува високи места.

Последно таа ѝ се претстави на балканската публика со учеството во шоуто „Ѕведте на Гранд“.
Малото слатко девојче порасна во вистинска убавица, а нејзините родители се прегорди на неа.

Мелани уште од дете расте и се развива пред камерите и токму затоа одлично се снаоѓа и сега кога самата таа се носи со одредена популарност.
Освен талентот за музика, таа ја наследила и убавината од својата мајка.

Таа е мелем и за очи и за уши.
Мелани на својот Инстаграм профил покажа и дека е талентирана за тацување.

На видеото кое го објави може да е види додека танцува со професионален латино танцувач и одлично ги следи неговите чекори.
Замеша со колковите и ги воодушеви присутните.

ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска